Аида Петровска


Институција: ООУ "Димитар Миладинив"
Лични сајтови:
http://aidafizika.weebly.com/
https://aidafizika.wordpress.com/
Кратка биографија: Наставник по физика во основно училиште. https://www.youtube.com/user/AidaFizika, https://www.facebook.com/MladiIstrazuvaci/, https://issuu.com/aidafizika,http://aidafizika-oudimitarmiladinov.blogspot.com/http://istrazuvaj.blogspot.com/ https://www.storyjumper.com/profile/AidaFizika,
Едукативни презентации на Prezi
Опис: Интересни едукативни презентации, на пример: Јаглеводороди СВОЈСТВА Физички Првите 4 членови се во гасовита состојба, од 5C до 17 C атоми во течна, а повисоките во цврста агрегатна состојба Зголемување на температура под дејство на топење и вриење Не се раствораат во вода, туку само во органски растворувачи Некои имаат својства да раствораат лакови,смоли,масла и др. Хемиски Слабо реактивни соединенија Горат запалени на воздух Реакција на супституција-заменување на еден или повеќе водородни атоми со други атоми или атомски групи
Јазик: Македонски
Полугодишен тест на знаењата по физика за 8 одделение
Опис: Што и колку научивме? Тест на знаења по физика за VIII одделение (1- група) Упатство за работа: Тестот содржи 32 прашања од наставниот материјал по физика што го изучивте во првото полугодие. На секое прашање треба внимателно и уредно да одговориш. Најпрво внеси ги општите податоци што ти се бараат. Одговори ги оние прашања за кои си сигурен, а потоа врати се на потешките. Работи со пенкало. Не користи коректор. Секој треба да работи самостојно. Тестот трае 40 минути. Име и презиме: __________________________________________ одд:_____ датум:_______ ИЗБЕРИ ГО НАЈДОБРИОТ ОД ПОНУДЕНИТЕ ОДГОВОРИ И ЗАОКРУЖИ ЈА БУКВАТА ПРЕД ОДГОВОРОТ. ЗА СЕКОЈ ТОЧЕН ОДГОВОР СЕ ДОБИВА ПО ЕДЕН ПОЕН. (Вкупно поени: 32; од 0 до 8 поени = 1; од 9 до 15 поени = 2; од 16 до 22 поени = 3; од 23 до 29 поени = 4; од 30 до 32 поени = 5.) Освоени поени:____ ОЦЕНА:_____ предметен наставник:_________________
Јазик: Македонски
Интеграција на еколошкото образование во редовниот образовен систем
Опис: Очекувани резултати: Учениците: - Решаваат проблемски ситуации, воопштуваат, извлекуваат заклучоци; - Ги применуваат знаењата при решавање на проблеми; - Да умеат да демонстрираат топлинска изолација и зошто одредени материјали се користат за таа цел; - Да умеат да направат термос, облека, ѕид, покрив, прозор; - Да откријат зошто двојните ѕидови и двојните прозорски стакла се подобри од единечните; - Да се уверат дека со топлинската изолација се штеди енергија; - Да развијат љубов кон архитектура, градежништво, текстилна индустрија; - Да умеат да фотографираат и евидентираат; - Да умеат да изработуваат презентации во OpenOffice Impress; - Да знаат да организираат и земат интервју.
Јазик: Македонски
Магнетни појави
Опис: Прашања и задачи за повторување на изучениот материјал............... 3. Зошто магнетната игла секогаш се поставува во правец север – југ? 4. Каде се наоѓа северниот, а каде јужниот магнетен пол на Земјата? 5. Како се определува насоката на струјата низ праволиниски проводник? 6. Како се определуваат магнетните полови кај кружен проводник? 7. Во кој дел од соленоидот е најголема јачината на магнетното поле?
Јазик: Македонски
Електрицитет
Опис: Прашања на темата електрицитет.
Јазик: Македонски
Движење и сили
Опис: Прашања и задачи на тема движење и сили.
Јазик: Македонски
Хемија - 7 одделение (1 полугодие)
Опис: Прашања и задачи по хемија за повторување на изучениот материјал.
Јазик: Македонски
Тематско повторување - Електромагнетни појави
Опис: Повеќе искенирани тестови за тематско повторување за електромагнетни појави.
Јазик: Македонски
Тест по физика за VIII одделение
Опис: Годишен тест по физика за VIII одделение.
Јазик: Македонски
Тест по физика за VII одделение
Опис: Годишен тест по физика за VII одделение.
Јазик: Македонски
Еколошко движење на Никола Тесла
Опис: Информативен текст за еколошкото движење на Никола Тесла, со извадоци од повеќе книги за Никола Тесла.
Јазик: Македонски
Полугодишен тест по хемија за 7 одделение
Опис: Полугодишен тест по хемија за 7 одделение. Начинот на бодирање и оценување се превземени од Кенгур.
Јазик: Македонски
План за час со примена на ИКТ во наставата
Опис: План за час со примена на ИКТ во наставата за предметите: Вовед во физиката или Основи на природните науки.
Јазик: Македонски
Оценување по физика и хемија
Опис: Критериуми за оценување по физика и хемија Оценување е процес на прибирање и интерпретирање информации за учење и постигнувања на учениците. Оценување на учењето и постигнувањата на учениците по предметите физика и хемија се применува според стандардите во наставните програми по овие предмети во предметна настава изготвени од БРО. Тие произлегуваат од претпоставените цели и конкретните цели на наставните програми дефинирани во компоненти на изучување на овие науки. Тие претставуваат основа на која се темелат целите и содржините на наставните програми, а нивната примена претставува почитување, придржување и примена на принципите на поучување, примена на актуелните методолошки и методски решенија и упатства кои се научно издржани и проверени во изучувањето на овие науки.
Јазик: Македонски
Дополнителна настава по предметот хемија за VIII одделение
Опис: Програма за допoлнителна настава по предметот Хемија за VIII одделение учебна 2011/2012 година
Јазик: Македонски
Римски броеви
Опис: Лекција за римските броеви, од историја на математика.
Јазик: Македонски
Знаци и броеви
Опис: Работилница: Од цртежи до знаци и броеви. Од историја на математика...
Јазик: Македонски
Тутун
Опис: Лекција за тутунот, низ историја...
Јазик: Македонски
Полугодишен тест по хемија за осмо одделение
Опис: Полугодишен тест по хемија за осмо одделение. Колку научивме?
Јазик: Македонски
Осцилации, бранови и звук
Опис: Прашања и задачи поврзани со осцилациите, брановите и звукот.
Јазик: Македонски
Геометриска оптика
Опис: Прашања и задачи на тема геометриска оптика. Провери колку си научил.
Јазик: Македонски
Тематски тест: Движење и сили
Опис: Тематски тест: Движење и сили, за 7 одделение
Јазик: Македонски
Хемиски експерименти
Опис: Zn+2HCl=ZnCl2+H2
Јазик: Македонски
Вежби по физика
Опис: Што научивме во седмо одделение?
Јазик: Македонски
Електроскоп
Опис: Изработка на електроскоп
Јазик: Македонски
GLOBE iN MacedoniA
Опис: Премногу корисен проект, неподржан од никого, на тема - ЕКОЛОГИЈА
Јазик: Македонски
Tест по физика
Опис: за VIII деветолетка - тема 1.
Јазик: Македонски
Годишни времиња
Опис: Најчеста забуна во врска со годишните времиња е од кога Земјата ке се приближи до сонцето, тогаш е лето, а кога ке се одалечи е зима.
Јазик: Македонски
What is Glogster EDU
Опис: Glogster EDU is the leading global education platform for the creative expression of knowledge and skills in the classroom and beyond. We empower educators and students with the technology to create GLOGS - online multimedia posters - with text, photos, videos, graphics, sounds, drawings, data attachments and more.
Јазик: Македонски
Движење и сили
Опис: тест 8/8
Јазик: Македонски
Електрични и магнетни појави
Опис: тест 8/8
Јазик: Македонски
Движење и сили
Опис: 163 прашања
Јазик: Македонски
Наставничко портфолио
Опис: Web Sajt
Јазик: Македонски
КАКО СЕ ПРАВИ ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА
Опис: Следи ги упатствата и направи своја интернет - страница (веб-сајт).
Јазик: Македонски
Како се прави блог?
Опис: Следете ги упатствата и направете сопствен блог
Јазик: Македонски
ФИЗИКА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Опис: Да учиме заедно, едни од други и едни со други. ФБ страница за размена на материјали и искуства.
Јазик: Македонски
За секого по нешто
Опис: Публикации
Јазик: Македонски
РАМНОТЕЖА НА СИЛИ, ТРИЕЊЕ, ПРИТИСОК
Опис: Прашања и задачи
Јазик: Македонски
РЕШЕНИ ЗАДАЧИ ОД НАТПРЕВАРИ ПО ФИЗИКА
Опис: Збирка од 140 задачи
Јазик: Македонски
Движење и сили
Опис: Тематско повторување преку експерименти
Јазик: Македонски
ТЕХНИКИ НА УЧЕЊЕ
Опис: ТЕХНИКИ ВО НАСТАВАТА ПО ФИЗИКА
Јазик: Македонски
Докажување на јаглерод диоксид добиен со реакција на оцет и сода бикарбона
Опис: Прибор: гумена ракавица, продупчена затка со гумено црево, мало пластично шише, дрвце, шпиритусна ламба, тегла или потсечено пластично шише. Хемикалии: оцет, сода бикарбона, течен детергент, боја за колачи, варова вода.
Јазик: Македонски
Тематски тест - ЕЛЕКТРИЧЕСТВО
Опис: Прашања и задачи
Јазик: Македонски
Физика и други наставни предмети
Опис: Координирана настава
Јазик: Македонски
Приказна во 12 слики
Опис: Растење и развивање на растенијата.
Јазик: Македонски
Интерактивен дигитален постер - Електромагнетни појави
Опис: Вежби, задачи, тестови, примери на добри практики.
Јазик: Македонски
Интерактивен дигитален постер - Движење и сили
Опис: Од дневна подготовка до реализација.
Јазик: Македонски
Пример на ООР портфолио
Опис: Интерактивно дигитално портфолио.
Јазик: Македонски
8 Март - Меѓународен ден на жената
Опис: Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка.
Јазик: Македонски
ЦУТОВИ - Училишен ЕКО - весник
Опис: Училишен ЕКО - весник
Јазик: Македонски
ЕКО - КАЛЕНДАР
Опис: Потсетник на значајни датуми и манифестации.
Јазик: Македонски
МИЕЊЕ РАЦЕ
Опис: Постапка на темелно миење на рацете.
Јазик: Македонски
Теслин трансформатор
Опис: Од отпадоци до совршенство.
Јазик: Македонски
Жарко и Жапко го спасуваат светот
Опис: Училишен еколошки проект. Од планирање до реализација.
Јазик: Македонски
Полугодишен тест по хемија за 8. одд.
Опис: Начинот на вреднување е превземен од натпреварот по математика - Кенгур
Јазик: Македонски
Тест - Магнетни појави
Опис: Тест за деветтоодделенци
Јазик: Македонски
ПРОВЕРИ ГИ ЗНАЕЊАТА ПО ХЕМИЈА ОД 8. ОДД.
Опис: Прашања и задачи
Јазик: Македонски
ТЕСТ ПО ХЕМИЈА
Опис: Метали и неметали
Јазик: Македонски
ПРОВЕРИ КОЛКУ СИ НАУЧИЛ ХЕМИЈА ВО VIII одд.
Опис: тест
Јазик: Македонски
Определување на специфичен топлински капацитет на оловни зрнца
Опис: Количество топлина е мерка за внатрешна енергија штосе оддава од едно тело на друго.
Јазик: Македонски
ЗБОГУМ ВИРОЗИ
Опис: Чистота како превенција.
Јазик: Македонски
Големи волшебства од мали волшебници
Опис: Театарска претстава инспирирана од народни песни кои изобилуваат со описи на физички закони.
Јазик: Македонски
Македонија ризница на здрава храна
Опис: Македонски мултиетнички готвач
Јазик: Македонски
ИСТОРИЈА НА ИСТРАЖУВАЊЕТО НА МЕСЕЧИНАТА СО КОСМИЧКИ ЛЕТАЛА
Опис: Прва истражувачка станица кон Месечината е лансирана 15 месеци по лансирањето на првиот вештачки сателит на Земјата – Спутник – 1.
Јазик: Македонски
МЕТЕОРОЛОГИЈА
Опис: GLOBE во Македонија - Учење и набљудување во корист на животната средина.
Јазик: Македонски
Сина планета
Опис: "Хартии, шишиња, се и сешто, Запрете луѓе, сторете нешто"
Јазик: Македонски
Шарко и жапко го спасуваат светот
Опис: План на работа за ЕКО проект.
Јазик: Македонски
Галилео Галилеј
Опис: Галилео Галилеј, еден од клучните ликови во научната револуција во 16-от и 17-от век, помогнал да се смени начинот на кој луѓето гледале на светот и универзумот. Физичар, математичар и астроном, Галилео направил суштински откритија за природата на движењето и движењето на планетите.
Јазик: Македонски
Дедо Мраз
Опис: Според историчарката Филис Сикер, децата крај оџаците ги оставале своите чизми наполнети со моркови, слама и шеќер за Слеипнир а Один за возврат им оставал подароци и слатки. Историчарката тврди дека овој обичај си нашол место во Германија, Белгија И Холандија. Во домовите во овие држави и денес децата оставаат чорапи крај оџаците.
Јазик: Македонски
Обичаи за прославата на Велигден
Опис: Велигден се празнува после еврејскиот празник Пасха (хеб.pessach), во првата недела после полна месечина, која што е на самиот ден на пролетната рамнодневница или непосредно по неа. Во периодот од 1900 до 2100 година Велигден може да се падне помеѓу 4 април и 8 мај.
Јазик: Македонски
Валентина Владимировна Терешкова - астронаут
Опис: Валентина Владимировна Терешкова (7 март 1937), советски космонаут, прва жена која летна во вселената со вселенскиот брод „Восток 6“ на 16 јуни 1963 година и до 19 јуни 1963 година ја обиколи Земјата 48 пати, поминувајќи 1.960.000 километри.
Јазик: Македонски
Растење и развивање на растенијата
Опис: Што се случува? Растението‐грав расте кон единствениот извор на светлина, дупката на врвот на кутијата, и расте дури и околу препреките од картон кои се поставени во кутијата. Енергијата која му е потребна за да из’рти и да почне да расте е складирана во семето. Кога складиранта храна ќе се потроши, растението ќе треба да почне да врши фотосинтеза. Растението ја користи енергијата од семето за да најде светлина за да може да преживее.
Јазик: Македонски
Подготовки за натпревари по физика
Опис: На сите ученици им посакувам многу среќа и успех на престојните натпревари по физика.
Јазик: Македонски
Безбедноста и здравјето при работа, мобинг
Опис: Закон со кој се утврдуваат мерките за безбедност и здравје при рaбота, обврските на работодавачот и правата и обврските на вработените од областа на безбедноста и здравјето при работа. Запознавање со поимот мобинг или притисок врз вработените, или психолошки терор на работното место.
Јазик: Македонски
Портфолио - Еколошка машина која пренесува енергија
Опис: Машина која пренесува механичка енергија.
Јазик: Македонски
Од електромотор до генератор
Опис: Електромоторите се погонски машини кои енергијата на електричната струја ја претвораат во механичка енергија. Генераторите се машини кои механичката енергија ја претвораат во електрична енергија.
Јазик: Македонски
Велигденски јајца - Мостови на пријателство - Русија
Опис: Природно вапсување на јајцата Пред вапсувањето јајцата убаво измијте ги со вода во која сте додале малку оцет или лимонов сок, а потоа изберете зеленчук, овошје или тревки со кои ќе ги варите јајцата и така природно ќе ги обоите. Еве кои бои можете да ги добиете на овој начин: Светло кафеава: лушпи од кромид (сварете ги лушпите од кромидот, а потоа во водата ставете ги јајцата и оставете ги да отстојат неколку часа, или во текот на целата ноќ - ако сакате потемна боја). Портокалова: рендан морков Светло-жолта: цветови од камилица Зелена: спанаќ и коприва Виолетова и темно-црвена: цвекло Светло-црвена: ротквички или кора од врба.
Јазик: Други јазици
ЖИВИ ОРГАНИЗМИ И НИВНИ НЕДОИСТРАЖЕНИ ИНСТРУМЕНТИ
Опис: Атмосферскиот и хидростатичкиот притисок, геомагнетизмот, радијацијата, гравитацијата, електтичното поле, температурните колебања, разни промени во животната средина придонесуваат кај живите организми да се развијат посебни органи кои им овозможуваат полесна прилагодливост и опстојување во животната средина. Функционирањето на овие органи е споредливо со функционирањето на инструментите кои ги среќаваме во современите лаборатории.
Јазик: Македонски
Светлински појави
Опис: 2015 ГОДИНА - ГОДИНА НА СВЕТЛИНАТА
Јазик: Македонски
Звучни бранови
Опис: Звучни бранови
Јазик: Македонски
Њутнови закони
Опис: Инерција, сила, акција и реакција.
Јазик: Македонски
Електрицитет
Опис: Процесот на откинувањето или присоединувањето електрони кон неутралните атоми е наречен јонизација. Јонизацијата може да се реализира и кај молекулите. Ако ваков процес на создавање вишок или кусок на електрични полнежи се случува со атомите или молекулите кај некое тело, тогаш зборуваме за електризирање на телото.
Јазик: Македонски
Агрегатни состојби и воден циклус
Опис: При нормални надворешни услови супстанциите ги среќаваме во три агрегатни состојби: цврста, течна и гасовита. (плазмата се смета за четврта агрегатна состојба која ретко се среќава на планетата Земја). Агрегатните состојби на телата при исти надворешни услови зависат од релативната молекулска маса, структурата на молекулите и видот на меѓумолекуларни дејства во супстанцијата. .................. Атмосферските врнежи делумно испаруваат, а делумно образуваат повремени и постојани водотеци и водни површини, а делумно се впиваат во почвата и ги создаваат подземните води.
Јазик: Македонски
Енергија
Опис: Дневна подготовка за тематско повторување.
Јазик: Македонски
Квиз - Внатрешна енергија и топлина
Опис: Интерактивна табла
Јазик: Македонски
КВИЗ - Внатрешна енергија и топлина - PowerPoint во наставата
Опис: Квиз - Внатрешна енергија и топлина
Јазик: Македонски
Атомска и нуклеарна физика
Опис: Примена на PowerPoint во наставата - Квиз
Јазик: Македонски
Квиз - Атомска и нуклеарна физика
Опис: Примена на интерактивна табла во настава
Јазик: Македонски
Низ животот и делата на големите физичари
Опис: Последните неколку века беа многу плодни за науката. Во 17 век, Исак Њутн ја реши старата контраверза околу природата на силите и движењето со неговите три закони. Во 18 век Бенџамин Франклин го проучи електрицитетот. Во 19 век, Дарвин ја објасни разновидноста на видовите, Максвел ги откри физичките особини на светлината, Менделеев го дефинираше семејството на хемиските елементи. Во 20–ти век ги имавме Никола Тесла и Ајнштајн кои разрешија многу загатки, додека Вотсон и Крик ја дешифрираа молекуларната основа на генетиката и животот.
Јазик: Македонски
Магнетни појави
Опис: Кога Магнус загубил една овца, тргнал да ја бара и се нашол на еден карпест предел на кој неговите потковани опинци чудно се однесувале. Кога карпите ги газел со опинците, тие се лепеле на карпите и му се собувале од нозете. Кога карпата ја допирал со раката, не чувствувал ништо, карпата била сува, а раката не се лепела како опинците. Се собул, седнал на карпата и истражувал. Кога карпата ја допирал со поткованиот дел од опинокот, тој се лепел, а кога ја допирал со кожниот дел, ништо не се случувало. Магнус имал овчарски стап со железен врв и решил и со него да ја допре карпата. Кога ја допирал со врвот, тој се лепел, а кога ја допирал со дрвениот дел од стапот, ништо не се случувало. Поубаво ја загледал карпата и таа му заличила на железо. Зел парче од карпата и ја однесол дома. Од тогаш сите луѓе дознале за оваа чудна карпа, која по овчарчето Магнус го добила името магнетит.
Јазик: Македонски
Изработка на електронски книги
Опис: Интересен начин на претставување трудови и активности.Погодно за сите возрасти, како авторски труд, проектна активност, домашна зада со можност за заедничко уредување. Обидете се, лесно и интересно со нови можности за додавање на видео и аудио пораки.
Јазик: Македонски
ЕКСПЕРИМЕНТ - ГУСТИНА НА ВОДАТА
Опис: Потребно: - Два исти стаклени сада со широк отвор (чаши или тегли), - Ладна вода, - Жешка вода, - Боја за колачи или мастило, - Парчe хартија или картон, - Подлабок сад над кој ќе го изведете експериментот.
Јазик: Македонски
Македонија без отпад
Опис: Рециклирање
Јазик: Македонски
Мерење на физички величини
Опис: Физика за 8 одд.
Јазик: Македонски
Кодирани експериментални задачи на тема течности од секојдневието
Опис: Кодирани експериментални задачи на тема течности од секојдневието Задача 1: Ако при експериментирањето добиваме дека 123 = 123 дали: 132 = 123, 312 = 123, 321 = 123, 213 = 123, 321 = 123. Задача 2: Смени ги кодовите на експериментите од бројки во букви. Задача 3: Смени ги кодовите на експериментите од бројки во зборови. Задача 4: Смени ги кодовите на експериментите од бројки во цртежи. За решавање на оваа проблемска кодирана експериментална задача се решивме да ги користиме најчесто употребуваните течности од нашето секојдневие: вода, масло за јадење и мед. - Течностите ги подредивме по густина, од најгуста до најретка. - Најгустата, мед, ја обележавме со бројот 1. Водата ја обележавме со број 2, а маслото за јадење со број 3. - Во една чаша налеваме малку мед, потоа додаваме малку вода, а на крај масло за јадење. - Течностите во чашата не се помешале. На дното останал медот, над него водата, а над водата маслото за јадење. - Гледајќи од дното кон врвот, течностите во чашата се наредени во низа 1, 2, 3. - Ја повторивме постапката, но со поинаков редослед. По медот го налеавме маслото за јадење, а по мадлото водата и повторно го добивме истиот резултат. - По трет пат ја повторивме постапката со таа разлика што во чашата прво го налеавме маслото за јадење, потоа водата, а на крајот медот. - Течностите по трет пат се наредиле во низа 1, 2, 3. Со овој експеримент кој се однесува на споредување на густините на течностите од секојдневието, докажавме дека без разлика по кој редослед ги лееме течностите во ист сад,најгустата течност ќе се најде на дното, а најлесната на површината. Односно во овој случај при експериментирањето добиваме дека 123 = 123 а и во сите други случаи резултатот е 123. 132 = 123, 312 = 123, 321 = 123, 213 = 123, 321 = 123.
Јазик: Македонски
Струен круг како алатка во истражување
Опис: Наједноставниот струен круг е составен од извор на електрична струја, прекинувач и потрошувач меѓусебно поврзани со спроводници. Оваа едноставна направа можеме да ја искористиме при многу истражувања. ИСТРАЖУВАЊЕ – ЕКСПЕРИМЕНТ – 1 Дали сите моливи подеднакво ја спроведуваат електричната струја? Сите знаеме дека срцето – мината на моливот е изградена од графит – односно јаглерод кој е одличен спроводник на електрична струја. Ако дел од спроводникот во струјниот круг го замениме со мината од моливот, светилката ќе свети, но не секогаш. Сите мини не го спроведуваат електрицитетот подеднакво. Тоа зависи од чистотата на графитот – јаглеродот.
Јазик: Македонски
Струен круг како алатка во истражување 2
Опис: ИСТРАЖУВАЊЕ – ЕКСПЕРИМЕНТ – 2 Кога водата ја спроведува електричната струја? Дел од спроводникот во струјниот круг го заменуваме со чаша вода од чешма. Во водата потопуваме две електроди (две метални плочи, едната од цинк, а другата од бакар, поврзани во струјниот круг). Електродите се оддалечени една од друга со дуплофан, за да не се допираат и можеме да забележиме кога водата ќе го затвори струјниот круг. Налеаната вода од чешма не го затвора струјниот круг и сијаличката не свети. Во водата додаваме готварска сол и светилката засветува, односно солената вода се однесува како спроводник на електрична струја. Од овој експеримент заклучуваме: Раствор од сол и вода спроведува електрична струја.
Јазик: Македонски
Механика на флуиди 1
Опис: Загреаната вода плива по површината на студената вода.
Јазик: Македонски
Архимедова сила или потисок
Опис: Архимедова сила или потисок е силата со која флуидот дејствува на потопеното тело во него, настојувајќи да го истисне телото од него. Солената вода е погуста од слатката вода, а со тоа и потисокот во солената вода е поголем.
Јазик: Македонски
Механика на флуиди 2
Опис: Атмосферски притисок
Јазик: Македонски
Нуркач
Опис: Кога едно тело плива, кога лебди, а кога тоне?
Јазик: Македонски
Јонска врска
Опис: Хемија - дневна подготовка
Јазик: Македонски
Ковалентна врска
Опис: Хемија - дневна подготовка
Јазик: Македонски
Градба на атомот
Опис: Хемија - дневна подготовка - повторување на изучениот материјал.
Јазик: Македонски
Моќност
Опис: Дневна подготовка на нова наставна содржина
Јазик: Македонски
Бранови
Опис: Дневна подготовка за тематско повторување.
Јазик: Македонски
Ширење и брзина на звук
Опис: Дневна подготовка за нова наставна содржина.
Јазик: Македонски
Полуспроводнички уреди
Опис: Дневна подготовка за нова наставна содржина.
Јазик: Македонски
АРХИМЕД
Опис: Архимед бил математичар, физичар и пронаоѓач кој живеел во античката грчка колонија Сиракуза, на островот Сицилија, во периодот од 287 до 212 година п.н.е. Kралот на Сиракуза, Хијерон, побарал од Архимед да му каже дали неговата кралска круна е изработена од злато или во неа има и сребро.
Јазик: Македонски
Големи волшебства од мали волшебници
Опис: Реализација на еден наставен час.
Јазик: Македонски
ЕРАТОСТЕНОВ ЕКСПЕРИМЕНТ
Опис: .....Ја меревме сенката на вертикален стап долг 100 cm. Потоа ја одредивме оддалеченста на нашето училиште од Екваторот за време на пролетна рамноденица. .....
Јазик: Македонски
ФОРУМ ТЕАТАР
Опис: На бродот Земја не постојат патници, сите сме екипажот Вообичаен скопски ден. Градот се дави во магла и отровен смог. Учениците од ООУ “Димитар Миладинов” завршуваат со часовите и се упатуваат дома. Леон и Кате живеат на Скопска Црна Гора, Деспина, Македонка и Александра во Нерези на Водно, Никола и Мила во Центар, Доротеа, Ненад и Маја во Карпош, Ива, Теа и Вероника во Аеродром а Христијан во Кисела Вода. Во убавите денови се среќаваат по часовите, спортуваат, се забавуваат, работат на заеднички проекти, а сега секој брза дома што помалку да престојува надвор, што помалку да вдишува од загадениот воздух кој ги разболува и најсилните. Во 14 часот, Леон и Кате веќе беа дома, ги пречека омилениот ручек, зеленчук подготвен на соларна скара, скара што пече без чад и оган, а може да работи и во текот на ноќта иако работи на соларна енергија. За време на ручекот им раскажуваа на своите родители колку е темно и непријатно во градот и колку би сакале школото да го преселат на Скопска Црна Гора.
Јазик: Македонски
Старите македонски имиња на месеците
Опис: Старите македонски имиња на месеците биле поврзани со природните циклуси или земјоделските работи кои се случуваат и вршат во периодот на соодветниот месец. - Јануари се нарекува коложег – месец во кој се горат голем број дрва. - Февруари се наречува сечко – месец на ледот. - Март се нарекува цутар – месец на цветањето. - Април се нарекува тревен – месец на тревата. - Мај се нарекува косар – месец на косењето трева. - Јуни се нарекува жетвар – месец на жетвата. - Јули се нарекува златец – наликува на златен месец. - Август се нарекува житар – месец на житото. - Септември се нарекува гроздобер – месец на берењето грозје. - Октомври се нарекува листопад – месец на паѓањето листови. - Ноември се нарекува студен – првиот многу студен месец. - Декември се нарекува снежник – месец на снегот.
Јазик: Македонски
Меѓупредметно интегрирање на содржините ФИЗИЧКО И ЗДРАВСТВЕНО ОБРАЗОВАНИЕ и ФИЗИКА
Опис: Една од клучните врски помеѓу овие два наставни предмети се физичките величини и нивните единици мерки. На интересен и игрив начин ќе ги научиме единиците мерки за должина, плоштина, волумен, време, маса и сили. Ресурсот има можност на дополнување со нови содржини, во зависноет од програмата и барањата на планиреното за секоја учебна година.
Јазик: Македонски
Земја - активна планета
Опис: ООУ "Димитар Миладинов" Општина Центар - Скопје
Јазик: Македонски
ОТВОРЕНИ ОБРАЗОВНИ РЕСУРСИ
Опис: За само неколку години, отворените образовни ресурси станаа дел од редовната настава како работна тетратка, збирка задачи, извор на идеи за реализација на час, проект, наставна и воннаставна активност. ..................... Важноста на отворените образовни ресурси е голема и секој наставник треба да чувствува обврска да ги дополнува според сопствените интереси. Отворените образовни ресурси треба да прераснат во безгранична електронска библиотека за сите возрасти, од описменување до научни трудови.
Јазик: Македонски
STEM POSTER - OOR AidaFizika
Опис: Ако можеш да замислиш, можеш и да создадеш!
Јазик: Македонски
ЕЛЕКТРИЦИТЕТ
Опис: ИНТЕРАКТИВЕН STEM ПОСТЕР
Јазик: Македонски
СВЕТЛИНА
Опис: ИНТЕРАКТИВЕН STEM ПОЗТЕР
Јазик: Македонски
ЕРАТОСТЕНОВ ЕКСПЕРИМЕНТ
Опис: ИНТЕРАКТИВЕН STEM ПОСТЕР
Јазик: Македонски
ОТВОРЕНИ ОБРАЗОВНИ РЕСУРСИ - Аида Петровска
Опис: Мои ООР.
Јазик: Македонски
ФИЗИКА ЗА ОСНОВЦИ
Опис: ИНТЕРАКТИВЕН STEM ПОСТЕР
Јазик: Македонски
СТРУЕН КРУГ КАКО АЛАТКА ВО ИСТРАЖУВАЊЕТО
Опис: ИНТЕРАКТИВЕН STEM ПОСТЕР
Јазик: Македонски
ЕКОЛОГИЈА ВО НАСТАВАТА ВО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Опис: ИНТЕРАКТИВЕН STEM ПОСТЕР
Јазик: Македонски
ДНЕВНИК ОД УЧЕБНАТА 2016/2017
Опис: Ажурирање на сработените активности и постигнатиот успех.
Јазик: Македонски
Е - УЧЕЊЕ
Опис: ПОВЕЌЕ РЕСУРСИ НА ЕДНО МЕСТО.
Јазик: Македонски
ПРОГРАМИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПОСТЕРИ
Опис: ПОВЕЌЕ ЛЕСНИ ПРОГРАМИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПОСТЕРИ; ПЛАКАТИ; БРОШУРИ,...Собрани на едно место.
Јазик: Македонски
Што е снег?
Опис: Кристалите на мраз се лепат заедно и формираат снегулки. Кога снегулките ќе станат доволно тешки паѓаат на Земјата како снег. Секоја снегулка е сочинета од 2 до 200 различни кристали......
Јазик: Македонски
Проект МИО – ЕДУКАЦИЈА ЗА РАЗЛИЧНОСТ И ИНКЛУЗИВНА ЕДУКАЦИЈА
Опис: По направените истражувања забележавме разлики во јазикот, празниците и зачините кои ги користиме при подготвувањето на храната. Уживајте во третиот дел од проектната активност - највкусната храна во Светот,
Јазик: Македонски
ОЦЕНУВАЊЕ
Опис: Оценување е процес на прибирање и интерпретирање информации за учење и постигнувања на учениците.
Јазик: Македонски
Day of researchers in our classroom
Опис: Научен настан.
Јазик: Македонски
ETWINNING проекти во наставата и воннаставните активности во основните училишта
Опис: (еTwinning проекти се единствените активности кои заслужуваат законски да бидат воведени во едукативните програми на градинките, основните и средните училишта) Што претставува еTwinning проект? еTwinning проект е интернет проект (често се опишува како виртуелен проект иако реално постои) кој се реализира со користење на Информатичко - комуникациска технологија (ИКТ), во процес на комуникација и колаборација помеѓу училиштата од цела Европа каде се разменуваат идеи и искуства како и можност за создавање нови пристапи во наставата. Што е учење преку eTwining проекти? - Учениците од различни држави работат на ист проблем и притоа комуницираат меѓу себе. - Критички осврт кон сопствената работа(рефлексија) - Метод на оценување и самооценување (пополнвање на рубрики за оценување),осврт на севкупната работа и следење сопственото учење. - Преку eTwining проектите ученикот доаѓа до откритија и прави експерименти.
Јазик: Македонски
Wakelet - бесплатна алатка за уредување на содржини
Опис: 1. Wakelet Wakelet е алатка за уредување на содржини. Ви овозможува да имате побрз пристап до блоговите, видеата и другите ресурси кои често ги користите, но исто така е и моќна алатка за учење. Со Wakelet, во нормални услови наставниците можат да им понудат на своите ученици мешано учење, Интернет и реална настава, а за време на изолацијата интересна Интернет настава каде и учениците можат да создаваат дигитални портфолија, проекти, лекции и многу повеќе. Обидете се.
Јазик: Македонски
Padlet - бесплатна веб алатка - празна хартија, табла,...
Опис: Padlet Падлет се користи како празна хартија, табла, односно онлајн ѕид на кој можете да бележите идеи, известувања, информации, рецензии, слики, документи, видеа,.... Истото можете да им го овозможите на останатате учесници, ученици и наставници, при што немаат потреба да креираа корисничка сметка.
Јазик: Македонски
Интернет страница - Физика за основно образование
Опис: По одржаната обука, на која бев обучувач, го искористив направениот простор и новата регистрација да создадам веб сајт за македонските основци – Физика за основно образование. Често користен ресурс како прилог кон новата кембриџ програма по предметот физика. Според реакциите на моите колеги и ученици, одличен и потребен ресурс кој тековно се надоградува. Првата страница е општа, со многу линкови од други корисни ресурси и сите теми од тековната програма по физика.
Јазик: Македонски
Е – учење
Опис: Потреба од изготвување на отворени образовни ресурси се почувствувала многу одамна. Повеќе од една деценија создавам ресурси за моите ученици како додаток на пропишаната редовна литература за предмет физика во основно образование, како и за воннаставните активности. Сите објави, презентации, видеа, е-учебници, интерактивни постери, квизови и др. се со цел истите да се искористат за подобрување на идните стратегии на учење и поучување, а и да ги мотивираат сите колеги да создаваат ресурси за свои предмети. Дел од создадените ресурци и бесплатни веб 2.0 алатки можете да ги видите на приложениот интерактивен постер.
Јазик: Македонски
Ден на дигитално учење
Опис: Како наставен кадар и директни актери во образованието, имаме потреба личните искуства од секојдневната работа да ги споделиме со колегите, учениците, родителите. Еден од деновите кога го правиме тоа е Ден на дигитално учење. Тој ден ги промовираме и алатките со кои ги доближуваме отворените образовни ресурси и е-учењето до нашите ученици и родители. Во овој кус напис ќе најдете линкови кои ќе ве упатат на следните содржини: 1. Како да направиме Sway презентација? 2. Padlet – идеална алатка за соработка 3. ThingLink во наставата 4. Направи дигитална книга со алатката storyjumper 5. Употреба на социјалните мрежи во основното образование, блог и интернет страници во наставата по физика (Да ги активирате интерактивните постери во презентацијата, кикнете на линкуваниот текст што се наоѓа под постерот – сликата)
Јазик: Македонски
Кодирање без компјутер – Coding without a Computer
Опис: Во последните години често ги одбележуваме седмиците на кодирање со многу пријатели од целиот свет. Не секогаш ни е потребна ИКТ за да го сториме тоа. Доволни се малку фантазија и добро расположение. По разгледувањето на презентацијата и ресурсот Зошто треба да го донесеме кодирањето во нашата училница?, можете да се запознаете со повеќе начини на кодирање без и со компјутер. Преку оваа презентација ќе се запознаете со Морзеовата азбука и со бинарните броеви. Секој компјутерски систем е составен од голем број на дигитални струјни кола (кола со две можни состојби: 1 - on, и 0 - off). Во компјутерските системи, со користење на комбинации од нули и единици (т.н. бинарни шеми), може да се чуваат секакви податоци (нумерички вредности,знаци, реченици, слики,..)
Јазик: Македонски
Ератостенов експеримент
Опис: Помина есенската рамноденица. Да имаме време да се подготвиме за пролетната рамноденица го споделувам овој ресурс кој е наменет за сите, од 6 до 66 години.Како да ја измерите обиколката на планетата Земја со помош на стап долг 1 метар, врвка, агломер, карта на светот или google мапа и соларен часовник? Забавувајте се со нас. Чии мерења ќе се попрецизни?
Јазик: Македонски
Млади истражувачи
Опис: Пример за одличен наставнички е-дневник, паметник, кој спасува од заборав се што сте сработиле, вие и вашите ученици.Изобилува со објави и линкови до овјави кои се од суштинско значење за еден квалитетно оддржан час. Со мала подготовка и калапење во временска рамка одличен за настава од далечина.
Јазик: Македонски
Демонстрациите и нивната улога во наставата по физика
Опис: Демонстрацијата има истражувачки карактер и неопходно е таа да биде проследена со теории, а тоа значи дека не е доволно само набљудување и мерење туку треба да се донесат и одредени заклучоци и решенија. Потребните материјали се наоѓаат и се користат во секојдневието па поради тоа се изводливи и дома. Изведените демонстрации и експерименти треба да се евидентираат со фотографирање или снимање, со задолжителен опис.
Јазик: Македонски
И јас сум дете како тебе
Опис: Пример на одлично спроведен едукативен партнерски проект помеѓу Македонија, Романија, Унгариа, Хрватска, Малезија и Аргентина - “И јас сум дете како тебе”. Може да послужи како извор на идеи за активности, лесно спроводливи и со позитивен ефект на сите учесници. Искористете го eTwinning и разни други безбедни платформи за спомени, споделени знаења и вештини кои ќе се вечно полезни.
Јазик: Македонски
Зошто треба да го донесеме кодирањето во нашата училница?
Опис: Идеи за кодирање без компјутер. Веќе 6 години кодираме и се забавуваме со илјадници училишта од Европа. Со или без компјутер, предизвикот и интересот на учениците се големи. Да ја разбиеме монотонијата и наставата да ја направиме интересна. Ако до сега не сте се пуштиле во оваа авантура, ви препорачувам да ни се придружите.
Јазик: Македонски
ЕКО - ПОТРЕБИ
Опис: Што треба да правиме за да и помогнеме на нашата планета. За да ја надминеме сегашната состојба мора да направиме неколку промени на глобално ниво - да се надмине сегашниот економски систем. Тоа вклучува:- надминување на статутарно – потрошувачката култура;- нивелирање на вредноста суровина / приозвод;- надминување на економијата на потрошни приозводи / ресурси и на нејзино место воведување на економија на обновливи производи / ресурси. Помагајќи си на себе си, помагаме на сите. Секое тримесечие да направиме по една еколошка активност: да засадиме дрво, расчистиме депонија, направиме играчки и нагледни средства од отпадоци, постери и брошури за штедење вода и запознавање со озонската обвибка, разни манифестации и кампањи.
Јазик: Македонски
Колку знаеме за лостови?
Опис: Часот е подготвен за реализација во 4. седмица на октомври 2020 год.Започнува со согледувањето на изучениот материјал и начинот на оценување, а потоа следи оној дел од материјалот кој најголем број ученици го усвоиле. Се обидов да пресметам дали Архимед бил во право кога побарал лост и потпирка за да ја помести Земјата. Преку домашна задача зададени се 2 краткорочни истражувања, преку кои уште еднаш учениците ќе утврдат колку го разбрале и научиле дадениот материјал.Часот завршува со квиз составен од 7 интересни прашања.
Јазик: Македонски
Добар, лош и грд на Интернет
Опис: Ден на бзбеден Интернет Почесто треба да си се потсетуваме на добрите и лошите страни на Интернет. Како да се однесуваме на социјалните мрежи, на што треба да внимаваме при споделувањето на податоци со пријателите, што може, а што никогаш не смее и не може да се споделува. Која е приоритетна цел на користењето на интернет. Ресурсот е да ве мотивира да си се подготвите за февруари, а активностите можете да ги збогатите со гости, стручни лица од информатичка област или да направите дебата во која ќе учествуваат ученици на различна возраст и од повеќе училишта. (Креаторот на книги работи во најновите верзии на Google Chrome, Microsoft Edge и Safari.)
Јазик: Македонски
НОЕМВРИ МЕСЕЦ НА НАУКАТА - Школа "Млади Физичари"
Опис: Манифестацијата која ќе ни недостасува многу, иако и оваа 2020/2021 се подготвуваме, како дека ќе се случи. Oваа манифестација секогаш носи радост и ја оттргнува монотонијата од училниците. Фотографиите сведочат за постоење на забавно учење и трајно научување. (Креаторот на книги работи во најновите верзии на Google Chrome, Microsoft Edge и Safari.)
Јазик: Македонски
ETWINNING проекти во наставата и воннаставните активности во основните училишта
Опис: Што претставува еTwinning проект? еTwinning проект е интернет проект (често се опишува како виртуелен проект иако реално постои) кој се реализира со користење на Информатичко - комуникациска технологија (ИКТ), во процес на комуникација и колаборација помеѓу училиштата од цела Европа каде се разменуваат идеи и искуства како и можност за создавање нови пристапи во наставата.
Јазик: Македонски
Пример на онлајн час со инплементација на меѓуетничка интеграција во образованието
Опис: Часовите се наменети за спроведување на заеднички ученички активности во основните училишта кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата.
Јазик: Македонски
Запознавање и мерење на физичките величини (должина, плоштина, волумен)
Опис: Да ги повториме единиците мерки за должина, плоштина и волумен. Полезен материјал за ученици од 5. до 9. одделение, особено како предзнаење за предметот физика во 8. и 9. одделение.
Јазик: Македонски
Низ животот и делата на големите физичари
Опис: Интеграција на наставните предмети македонски јазик и физика е прикажана во продолжетокот - Низ животот и делата на големите физичари 2 - односно: “Кирилица – старомакедонска азбука–црковномакедонска азбука”. 31 буква е линкувана со 31 физичар за кој покрај неговата фотографија приложив и куса биографија. Секогаш полезни информации за луето кои ни го разубавиле секојдневието и ни го олесниле живеењето. Уживајте листајќи ги страниците. Употребете го и овој линк за повеќе информации: http://skr.rs/PEs
Јазик: Македонски
Е-УЧЕЊЕ
Опис: Тема, совети и туторијали, кои никогаш не можат да застарат. Особено во овој петиод е потребно секој да си има и уредува свое катче на интернет. Одличен за промоција, соработка, водење дневници и портфолија, заедничко уредување и др. Која платформа и да одберете, нема да зажалите. Се е сведено на лесно уредување и доболно голем бесплатен простор особено за наставници и ученици.
Јазик: Македонски
Употреба на социјалните мрежи во основното образование, блог и интернет страници во наставата
Опис: Како да на правиме блог или интернет страница? Внимателно проследете ја објавата, отворете ги сите приложени линкови и не само дека ќе се запознаете со полезноста од сопствениот простор што ќе го направите на интернет, туку и ќе научите како да го направите за вас и за вашите ученици. Следете ги насоките и уживајте во градењето.
Јазик: Македонски
КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Опис: Децениски проблем со кој се соочува цивилизацијата. Сите да дадеме свој придонес да се справиме со сите животозагрозувачки проблеми и планетата да ја оставиме во наследство здрава и погодна за живеење. Можеме многу, а правиме малку. Да ги започнеме промените од себе и од своите дворови. Ни посакувам светла иднина со многу заеднички акции и манифестации. Придружете се.
Јазик: Македонски
ОЦЕНУВАЊЕ
Опис: Споредби во начините на оценување некогаш и денес. Не ги зедов во предвид неубавите примери на оценување, кои и колку убави зборови да одбереш - не се убави. За тие начини на оценување потребни се јавни дебати, а за на хартија, како во албумот со спомени - исклучиво најубавото од нас. Се надевам дека ресурсот ќе е од помош на сите наставници.
Јазик: Македонски
Како се поврзуваат мерните инструменти, волтметар и амперметар во струјниот круг?
Опис: ЗАКЛУЧОК: в) При врзувањето ва инструментите со кои се мери истонасочна струја секогаш треба да внимаваме на поларитетот. г) Амперметарот во електричниот струен круг секогаш се врзува сериски со изворот и потрошувачите, а волтметарот секогаш паралелно.
Јазик: Македонски
Се што може да се научи од водата
Опис: Кога мешањето на топла и ладна вода ќе биде побрзо, ако во ладната вода налеваме топла или обратно? Архимедова сила или потисок е силата со која течноста дејствува на потопеното тело во него, настојувајќи да го истисне телото од него. Атмосферски притисок.
Јазик: Македонски