Старите македонски имиња на месеците


Линк до ресурсот: Ресурс
Прикачен од: Аида Петровска
Автор: Аида Петровска
Опис: Старите македонски имиња на месеците биле поврзани со природните циклуси или земјоделските работи кои се случуваат и вршат во периодот на соодветниот месец.
- Јануари се нарекува коложег – месец во кој се горат голем број дрва.
- Февруари се наречува сечко – месец на ледот.
- Март се нарекува цутар – месец на цветањето.
- Април се нарекува тревен – месец на тревата.
- Мај се нарекува косар – месец на косењето трева.
- Јуни се нарекува жетвар – месец на жетвата.
- Јули се нарекува златец – наликува на златен месец.
- Август се нарекува житар – месец на житото.
- Септември се нарекува гроздобер – месец на берењето грозје.
- Октомври се нарекува листопад – месец на паѓањето листови.
- Ноември се нарекува студен – првиот многу студен месец.
- Декември се нарекува снежник – месец на снегот.
Област: Природни науки
Предмет: Физика
Ниво на образование: Основно
Јазик: Македонски
Тип на ресурс: Веб-сајт
Формат: Текст или комбиниран ресурс
Лиценца: Целосна слобода, само наведи го авторот
Број на преземања: 785
Рејтинг: