ФОРУМ ТЕАТАР


Линк до ресурсот: Ресурс
Прикачен од: Аида Петровска
Автор: Аида Петровска
Опис: На бродот Земја не постојат патници, сите сме екипажот

Вообичаен скопски ден. Градот се дави во магла и отровен смог. Учениците од ООУ “Димитар Миладинов” завршуваат со часовите и се упатуваат дома. Леон и Кате живеат на Скопска Црна Гора, Деспина, Македонка и Александра во Нерези на Водно, Никола и Мила во Центар, Доротеа, Ненад и Маја во Карпош, Ива, Теа и Вероника во Аеродром а Христијан во Кисела Вода.
Во убавите денови се среќаваат по часовите, спортуваат, се забавуваат, работат на заеднички проекти, а сега секој брза дома што помалку да престојува надвор, што помалку да вдишува од загадениот воздух кој ги разболува и најсилните.
Во 14 часот, Леон и Кате веќе беа дома, ги пречека омилениот ручек, зеленчук подготвен на соларна скара, скара што пече без чад и оган, а може да работи и во текот на ноќта иако работи на соларна енергија. За време на ручекот им раскажуваа на своите родители колку е темно и непријатно во градот и колку би сакале школото да го преселат на Скопска Црна Гора.
Област: Природни науки
Предмет: Физика
Ниво на образование: Основно
Јазик: Македонски
Тип на ресурс: Истражување
Формат: Текст или комбиниран ресурс
Лиценца: Целосна слобода, само наведи го авторот
Број на преземања: 565
Рејтинг: