Политика за приватност

Во овој документ за применета политика за приватност (privacy policy) се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и собираме при користење на веб-сајтот на Отворени образовни ресурси (oer.mk, односно oor.mk или obrazovniresursi.mk), како и некои од чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.

Применетата политика за приватност на веб-сајтот Отворени образовни ресурси се заснова на Законот за заштита на лични податоци на Република Македонија. Во електронска форма, пречистениот текст на Законот (ПДФ) може да се симне од веб-сајтот на Дирекцијата за заштита на лични податоци на РМ (dzlp.mk).

Основни одредби

  • Сите лични податоци под контрола на веб-сајтот Отворени образовни ресурси се добиени доброволно, преку експлицитна согласност од нивните сопственици, или од трети страни кои ја имаат добиено согласноста на сопствениците за таа намена.
  • Личните податоци под контрола на  веб-сајтот Отворени образовни ресурси се користат само за намената за која се собрани, а доколку има потреба да се искористат и за други цели, тоа се прави само со експлицитна дозвола од нивните сопственици.
  • Политика на  веб-сајтот Отворени образовни ресурси е записите кои содржат лични податоци да се уништуваат/бришат по истекот на рокот за нивно чување, доколку е определен со договор или закон, или по завршувањето на проектот (и иницијативата) во рамки на кој биле собрани.
  • Податоците кои се прибираат автоматски преку веб-сајтот Отворени образовни ресурси се користат само за статистички потреби, а не и за следење на активноста на поединечни корисници.
  • Во случај на криминална истрага, веб-сајтот Отворени образовни ресурси се придржува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб-сајтот се достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-сајт, кога логовите може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.

Користење колачиња (кукија)

Веб-сајтот Отворени образовни ресурси користи колачиња или кукија (cookies) во следните случаи:

  • За спречување на двојно гласање при пополнување анкети. Во моментов на веб-сајтот Отворени образовни ресурси нема активни анкети. Рок на траење на ваквите колачиња е до истекот на анкетата.
  • За соодветно претставување на јазичната верзија на сајтот за корисници кои направиле избор во тек на претходна посета. Рок на траење на ваквите колачиња е 1 ден по направениот избор.
  • При најавување на корисници во делот заштитен со налог и лозинка, кој не е јавен. Рок на траење на ваквите колачиња е до истекот на тековната сесија.

Веб-сајтот на Отворени образовни ресурси го користи системот за управување со содржини WordPress. Во случај уредниците на Отворени образовни ресурси да имаат сознанија дека негови екстерни компоненти (плагини, додатоци) поставуваат и дополнителни колачиња, нивното однесување ќе биде дополнително наведено во овој оддел на политиката за приватност.

Серверски логови

За веб-сајтот Отворени образовни ресурси, соодветниот веб-хостинг провајдер води логови на серверот, во кои се запишува IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и преземена датотека од сајтот, за секоја таква операција. Со овие логови се постапува во согласност со општите одредби, или индивидуалната политика за приватност на провајдерот, кој е задолжен да постапува во рамките на Законот за заштита на личните податоци и Законот за електронски комуникации на РМ.

Според важечките прописи во РМ, правните лица кои обезбедуваат интернет-услуги се должни да ги чуваат податоците за сообраќајот (содржани во серверските логови) минимум 24 месеци по нивното создавање со цел да бидат на располагање на соодветните истражни органи, во постапка регулирана со закон.

Хостинг сервисот за веб-сајтот Отворени образовни ресурси (oer.mk, односно oor.mk или obrazovniresursi.mk) го обезбедува компанијата WebFaction.

Екстерни бројачи на посети

Веб-сајтот користи екстерен бројач на посети: Гугл аналитикс. Екстерниот бројач има пристап до следните податоци за посетителите: IP адреса, разгледувач, оперативен систем, датум и време на пристап, реферер (претходно посетена веб-адреса) и посетени веб-страници од сајтот во кои е вметнат кодот од бројачот.

Резултатите од бројачот Гугл аналитикс не се јавно достапни и се користат само за статистички аналаизи.

 Е-пошта

Податоците кои посетителите ги испраќаат доброволно преку е-пошта и формуларот за контакт се сметаат за службена тајна и се чуваат во согласност со општите одредби и правилата и прописите за архивско работење. Тука спаѓаат и нивната адреса за е-пошта, име, презиме, поштенска адреса, телефон, фотографии итн.

Преписката со уредниците на веб-сајтот Отворени образовни ресурси во која било форма станува дел од документарниот материјал кој организацијата што стои зад проектот е обврзана, во зависност од карактерот на преписката, да го чува од 1 до 5 години, врз основа на член 12 од Упатството за начинот и техниките на постапување со документарниот материјал и архивската граѓа во канцелариското и архивското работење (Сл. Весник на РМ бр. 60/97).

Контакт

За сите прашања поврзани со Вашите лични податоци складирани од страна на веб-сајтот Отворени образовни ресурси обратете се директно до нас преку формата за контакт.