Во видео-прилог насловен „Подари среќа, донирај компјутер!“ во кој е интервјуиран Борче Стаматов (@shlapatalo) се искористени и дел од наодите од истражувањето кое Фондацијата Метаморфозис, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, го спроведе во текот на минатата учебна 2019/2020 година.
Истражувањето имаше за цел утврдување на состојбите и предизвиците на онлајн наставата во основните училишта во РСМ во периодот март – јуни 2020 година. Дел од наодите беа цитирани во краток дел од прилогот на #dw_BalkanBooster програмата на Deutsche Welle на македонски. Прилогот можете да го погледнете подолу:
Автор: Бјанка Станковиќ, Мајлинда Бајрами. Извор: #dw_BalkanBooster
Целосното истражување можете да го преземете на овој линк.