Новиот закон предвидува да има и инклузивни учебници, достапни и за учениците со оштетен вид

Новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали кој на предлог на МОН неделава беше усвоен од страна на Владата, предвидува секоја книга што ќе ја има во хартиена верзија, да има и аудио верзија, а МОН ќе може да ја печати и на Брајово писмо за децата со оштетен вид, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во гостувањето на телевизија Сител.

[Read more…]

Приватност 2.0 – Заштите ја вашата приватност онлајн

Фондацијата Метаморфозис ве поканува да бидете дел од вебинарот Приватност 2.0 – Заштитете ја вашата приватност онлајн, со почеток во 15:30 часот, на 22 април (четврток), 2021 година.

[Read more…]

За 23 отсто опаднал бројот на ученици во средно образование во последните осум години (инфографик)

За 23 отсто или 20.309 ученици се намалил бројот на ученици во средно образование во последните осум години. Ако се земе просечен број на еден клас од 30 ученици, овој број на ученици би оформиле 676 класови.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека на крајот на учебната 2012/2013 биле регистрирани вкупно 88.582 додека пак, минатата 2019/2020 година биле евидентирани 68.273 ученици.

[Read more…]

Дигиталното не е доволно – да споделуваме отворено

Трендот на дигитализација на општеството во светски рамки не стивнува. Со кратко пребарување на интернет може да се пронајдат илјадници написи за, помалку или повеќе, успешни примери на дигитализација на услуги (т.н. е-услуги) од властите на речиси сите земји во светот. Властите во секоја држава експериментираат со трансформирање на постоечките, а понекогаш и воведување на  нови услуги користејќи го интернетот, правејќи ги подостапни за голем број граѓани.

[Read more…]

МОН: Изработката на новите наставни програми за првачињата е во завршна фаза

Учениците од прво одделение новата учебна година ќе ја започнат со целосно нови наставни програми согласно новиот концепт за основно образование чија изработка е веќе во завршна фаза, а веднаш по нивното усвојување ќе следат обуки за наставниците, кои ќе се реализираат преку три модули во текот на мај, јуни и август, информираат од Министерството за образование и наука (МОН).

[Read more…]