МОН: Учебната година започнува со физичко присуство, наставата ќе тече под здравствени протоколи

Учебната година од септември ќе започне со физичко присуство во основните и средните училишта, а наставата ќе се одвива под здравствени протоколи, одлучи вчера Владата на Република Северна Македонија по мислење дадено од Главниот координативен кризен штаб.

Претходно министерката за образованиe и наука Мила Царовска изјави дека во најдобар интерес на учениците е наставата да започне со физичко присуство во училниците и училишните клупи за што се обезбедени сите потребни услови, а вакцинирани се над 62 отсто од вработените во училиштата.

Мора да знаеме дека настава со физичко присуство ќе се спроведува до моментот додека ни дозволува Комисијата за заразни болести. МОН уште од јули месец е подготвено со три сценарија како сериозен систем за одвивање на наставата во услови на пандемија. Доколку се влоши состојбата, или влеземе во поголем ризик од овој во којшто сме денеска секако би биле подготвени за да го менуваме сценариото коешто ќе ни биде посочено како посоодветно. Мислам дека сега е значајно да сите заеднички ги почитуваме протоколите, да имаме што поголема вакцинација. Затоа што нема подобро образование од она со физичко присуство, изјави Царовска.

Министерката посочи дека минатата година покажавме дека можеме да имаме успешна онлајн учебна година, но сепак сите искуства во светот и во нашата држава покажуваат дека и менталното здравје и социјализацијата се дел од учењето и токму затоа училиштата треба да спроведуваат настава, по протоколи.

За целосниот текст, кликнете тука. Извор: Мета.мк