Tamara


Институција: Metamorphosis
Лични сајтови:
http://www.oer.mk
http://www.metamorphosis.org.mk
Кратка биографија: проба проба
Презентација за запознавање со ООР наменета за ученици и студенти
Опис: Презентација за запознавање со отворените образовни ресурси наменета за ученици и студенти
Јазик: Македонски
Презентација за запознавање со ООР намeнета за наставници и професори
Опис: Презентација за запознавање со отворени образовни ресурси намeнета за наставници и професори
Јазик: Македонски
Новинарски лекции
Опис: Овие новинарски лекции се изработени во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис.
Јазик: Македонски
Интересни едукативни факти преточени во 27 цртежи
Опис: На 21 и 22 октомври, 20-тина деца на две едукативни ликовни работилници организирани од Метаморфозис, за време на фестивалот за млади „Џифони Македонија“, илустрираа пораки со интересни едукативни факти, користејќи темперни бои и фломастери. Ви ги претставуваме цртежите на овие талентирани деца.
Јазик: Македонски
Публикации на УНЕСКО
Опис: Разновидни публикации за Светско културно наследство, како дневници, брошури, книги, прирачници, извештаи, кои се достапни на мноштво јазици, наменети за возрасни и млади луѓе.
Јазик: Македонски
Светското наследство во рацете на младите
Опис: Образовно наставно помагало со упатство за наставници
Јазик: Македонски
Грбот на Република Македонија – тема за дилема
Опис: Предавање на тема „Грбот на Република Македонија – тема за дилема“ организирано од Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“, на 18.11.2013 год.
Јазик: Македонски
Блог - Изворче
Опис: На овој блог ќе најдете презентации, наставни листови, линкови до едукативни игри, линкови до други блогови, линкови до страници што преставуваат корисни алатки за секој наставник.
Јазик: Македонски
Кратко видео - Декларација за отворени образовни ресурси
Опис: Кратко информативно видео за Декларацијата за отворени образовни ресурси на Македонија. Поддржете ја Декларацијата: http://oer.mk/sign/index.php/pages/signup
Јазик: Македонски
Научи информатика
Опис: Помагало за часовите по информатика
Јазик: Македонски
Е-математика
Опис: Помош при совладување математички вештини
Јазик: Македонски
Предавање: Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21 век
Опис: На 20 февруари, со почеток во 19:00 часот во City Hall, се одржа предавањето „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21. век“ на проф. д-р Никос Чаусидис, во организација на Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје. На настанот присуствуваа повеќе од 250 посетители. Предавањето всушност го организираше УНЕСКО клуб ХАЕМУС, една од филијалите на ХАЕМУС, под мотото на УНЕСКО ,,Отворени образовни ресурси” (ООР). Настанот беше подржан од Алијанса за ООР.
Јазик: Македонски
Студија за јавна политика: Зголемување на употребата на веб-локациите gov.mk како алатки за транспарентност
Опис: Целта на оваа студија за јавни политики е да се испита тековното ниво на користењена веб-локациите на централните и на локалните власти во Република Македонија (што претежно користат домени .gov.mk) во областите на транспарентност, отчетност и е-учество на граѓаните во донесувањето одлуки, како и да понуди препораки како да се надминат пречките што оневозможуваат да се оствари целосниот потенцијал на новите технологии во овие области.
Јазик: Македонски
Употребата на компјутери и интернет во образовниот систем на РМ
Опис: Анализа на контекстот на досегашната компјутеризацијата и дигитализацијата на образованието (сите јавно достапни национални документи, евалуациски извештаи од спроведени програми, изјави за јавност и сл.).
Јазик: Македонски
Предизвици и пречки: Користење на слободен софтвер во локалните самоуправи во Македонија
Опис: Истражувањето спроведено во 14 општини во Македонија ги покажува предизвиците и пречките за користење на слободен софтвер во единиците на локалната самоуправа. Општините одговараа за софтверот кој го користат и нивните буџети, јасно покажувајќи недостиг на средства за задоволување на потребите на граѓаните на кои им служат преку набавка на комерцијален софтвер кој го нудат добавувачи поврзани со централната власт. Вкупниот трошок на сопственост на слободниот софтвер спореден со вкупниот трошок на сопственост на комерцијалниот софтвер во Македонија е релативно низок и изнесува од една третина до една половина од цената потребна за набавка на софтверот и обуката за техничкиот кадар за одржување и поддршка.
Јазик: Македонски
Извештај од истражувањето „Употреба, ставови и мислења за ИКТ во поедини организации во Р.Македонија
Опис: Извештај од истражувањето „Употреба, ставови и мислења за ИКТ во поедини организации во Р.Македонија“
Јазик: Македонски
Истражување за навиките на интернет кај децата
Опис: Во рамките на проектот „Приватност на интернет на лесен начин“ на Фондацијата Метаморфозис, во јуни 2011 година, беа посетени 8 градови во Република Македонија, вклучително Скопје, Тетово, Гостивар, Битола, Велес, Дебар, Неготино и Штип. Целта на посетите беше проекција на кратки едукативни филмови и презентација на онлајн игри изработени како дел од проектот. За време на овие посети беше спроведено истражување за навиките на интернет кај децата на теми поврзани со приватноста и безбедноста на интернет, користењето мобилни телефони, играњето онлајн игри, четувањето, сајбернасилството, како и општите интернет навики. Во истражувањето учествуваа 517 ученици на возраст од 9 до 14 години, од локалните основни училишта во посетените градови. Ова е второ проширено истражување на поголем, нерепрезентативен примерок за територијата на Република Македонија.
Јазик: Македонски
Мини-истражување за ставовите на студентите во врска со користењето на интернет и социјални медиуми
Опис: Во тек на 5 дебати за социјални медиуми, кои се одржаа во текот на месец април, 2012 година, како дел од проектот Социјални медиуми за демократија, Метаморфозис спроведе мини-истражување за ставовите на младите во врска со употребата на интернетот и социјалните медиуми. Во истражувањето учествуваа 154 студенти од 4 универзитети во Република Македонија.
Јазик: Македонски
Извештај од истражувањето „Употреба, ставови и мислења за ИКТ помеѓу граѓаните во Р.Македонија“
Опис: Извештај од истражувањето „Употреба, ставови и мислења за ИКТ помеѓу граѓаните во Р.Македонија“
Јазик: Македонски
Мини-истражување за навиките на интернет кај децата
Опис: По повод Денот на побезбеден интернет, во просториите на ЕУ Инфо Центарот во Скопје се одржа настан на тема „Животот на интернет е повеќе од игра“. На настанот учество земаа 50тина ученици од основните училишта „Гоце Делчев“ и „Кочо Рацин“ од Скопје. Во оваа прилика беше спроведено мини-истражување на теми поврзани со приватноста и безбедноста на интернет, користењето мобилни телефони, играњето онлајн игри, четувањето, сајбернасилството, како и општите интернет навики на децата.
Јазик: Македонски
Користење на новите медиуми од кандидатите за изборите 2009
Опис: Фондацијата „Метаморфозис“ спроведе истражување и анализа на веб-сајтовите и користењето на социјалните медиуми на кандидатите за претседател на државата и градоначалници на локалните избори во 2009 година. Истражувањето покажа дека дека кандидатите не ги искористуваат во целост можностите за комуникација и интеракција преку веб и е-пошта со сите потенцијални гласачи. Споредбата на бројот на поддржувачи на популарната социјална мрежа Фејсбук покажа висока корелација со резултатите од гласањето, што укажува дека применетите методи може да се користат и за предвидување на исходот на слични настани. Особено е интересно што со примената на методот при вториот круг на гласање предвидувањето на исходот се изврши со степен на грешка од само 1 отсто.
Јазик: Македонски
Онлајн активизам – Социјални медиуми за демократија
Опис: Водич за онлајн активизам.
Јазик: Македонски
Приватноста како основно човеково право
Опис: „На секој граѓанин му се гарантира почитување и заштита на приватноста на неговиот личен и семеен живот, на достоинството и угледот - Член 25, Устав на Република Македонија“ Третиот Водич за ИКТ на Метаморфозис е подготвен во тесна соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ по повод Денот на заштитата на личните податоци, 28 јануари. Наменет е за сите кои сакаат да стекнат основа за едно од основните човекови права - приватноста, врз основа на кое на граѓаните имаат контрола врз протокот на информации за нив лично или нивните семејства.
Јазик: Македонски
ИКТ Водич бр.4: Безбедност на информациите и зошто да се заштитиме?
Опис: Водичот е наменет за сите кои сакаат да стекнат основни знаења за безбедноста на информациите. Подготвен е во рамките на проектот Иницијатива за информациска сигурност, спроведен од Фондацијата Метаморфозис со поддршка од Фондацијата Институт отворено општество Македонија. Проектот има за цел поттикнување на воспоставувањето на сигурноста на информациските системи во сите сегменти на општественото и деловното опкружување, како базична претпоставка за функционирање на информатичкото општество.
Јазик: Македонски
ИКТ Водич Бр. 1 – Кој владее со интернетот, што е ИКАНН?
Опис: Ова е првиот во серијата кратки документи за различните аспекти на ИКТ и информатичкото општество. Водичот е резултат на соработката на Фондацијата Метаморфозис и Панос Лондон, и е наменет за оние коишто не се стручни, а особено новинарите, кои сакаат да пишуваат за прашањата поврзани за информатичкото општество околу втората фаза на Светскиот самит за информатичко општество (ноември 2005 година). Ова и следните изданија на водичот се достапни во електронски формат на веб-сајтовите на Метаморфозис - www.metamorphosis.org.mk (на македонски и албански јазик) и Панос Лондон - www.panos.org.uk/communication (нa англиски јазик). За печатени верзии на македонски и на албански јазик пишете наinfo@metamorphosis.org.mk.
Јазик: Македонски
Отворен пристап
Опис: „Отворениот пристап претставува бесплатна достапност на дигитални содржини преку интернет. Најпозната и најлесно изведлива форма на отворен пристап е објавување рецензирани научни трудови од академски списанија без очекување авторите да бидат платени за тоа.“ Ова е вториот од серијата кратки документи за различните аспекти на ИКТ и информатичкото општество. Водичот е резултат на соработката на Фондацијата Метаморфозис и ЈИСЦ, и е наменет за оние кои се заинтересирани околу прашањата поврзани со отворениот пристап, а особено за студенти, професори, истражувачи, издавачки куќи.
Јазик: Македонски
Прирачник „е-Бонтонˮ
Опис: Правила за добро однесување во електронската комуникација и подигнување на јавната свест за начинот на кој луѓето комуницираат преку социјалните мрежи.
Јазик: Македонски
ИКТ Водич бр. 6: Како до Политика за приватност? (второ издание)
Опис: Шестиот водич за ИКТ на Метаморфозис е подготвен во тесна соработка со Дирекцијата за заштита на личните податоци на РМ со цел да им се помогне на сите е-издавачи, односно поединци и организации кои објавуваат на Интернет, да воспостават и да одржуваат политики за приватност преку конкретни совети и упатства. Едновремено, водичот е наменет за сите граѓани, а особено за новинарите што сакаат да стекнат основа за едно од основните човекови права - приватноста, според кое граѓаните имаат контрола врз протекот на личните податоци за нив или за нивните семејства.
Јазик: Македонски
ИКТ Водич бр. 8 – Како да си ја заштитиме приватноста на Фејсбук?
Опис: Осмиот „Водич за ИКТ“ на „Метаморфозис“ е наменет за сите корисници на Фејсбук, без разлика на начинот и нивото на кои ја користат оваа социјална мрежа. Тој претставува кратко „упатство за употреба“ на сите достапни опции за заштита на приватноста што особено им е значајно на оние кои често ги споделуваат своите ставови, коментари, линкови кои водат до содржини што им се допаѓаат или ги поддржуваат и фотографии од себеси и од останатите кои се појавиле пред нивниот фотообјектив. Иако водичот, пред сè, ќе им помогне на корисниците на Фејсбук да ги согледаат начините на кои се споделуваат нивните информации и соодветно да ги приспособат опциите според нивните преференции, сепак, тој не ги исклучува ниту оние кои се скептични кон користењето на социјалните мрежи. Дали некој ќе биде корисник на една социјална мрежа е лично право и избор, но изборот се прави заради сопствени убедувања, кои пак треба да се темелат на информираност. Овој водич го овозможува токму тоа.
Јазик: Македонски
ИКТ Водич бр.10: Говор на омраза на интернет
Опис: Десеттиот Водич за ИКТ на Метаморфозис е наменет за сите оние коишто сакаат да стекнат основни знаења за спротивставување на говорот на омраза на интернет. Водичот е подготвен во рамките на континуираните активности од иницијативата против говорот на омраза на интернет започната од Метаморфозис, МОФ, Реактор и Центарот за нови медиуми во декември 2012 година, а со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија.
Јазик: Македонски
ИКТ Водич бр. 9 – Право на говор не е право на говор на омраза
Опис: „Право на говор не е право на говор на омраза“, е брошурата за средношколци која како деветти водич за ИКТ на Метаморфозис има за цел да го претстави и лоцира говорот на омраза како и да посочи на механизмите со кои истиот може да се пријави и санкционира.
Јазик: Македонски
ИКТ Водич бр.5: Безбедно на интернет
Опис: Безбедност на децата на интернет: како возрасните можат да им помогнат на децата во заштитата од потенцијалните опасности на интернет, додека истовремено им укажуваат на содржините и на сервисите од кои можат да ползуваат корист?
Јазик: Македонски
ИКТ водич бр. 7: Отворени образовни ресурси
Опис: Седмиот „Водич за ИКТ“ на Метаморфозис е за сите, бидејќи секој што сака да учи и да стекнува нови знаења може да има корист од него. Овој водич им е наменет и на оние кои го создаваат и сакаат да го споделуваат знаењето во секоја форма со цел да го направат подостапно и пораширено. Низ овие страници можете да се запознаете со концептот отворени образовни ресурси и сродните иницијативи, состојбата во Македонија, да прочитате примери и добри практики од нивната примена во светот, како и препораки за нивниот развој во иднина. Целта е да научиме и веднаш да го примениме знаењето.
Јазик: Македонски
ИКТ Водич бр.5: Безбедно на интернет (второ издание)
Опис: Безбедност на децата на интернет: како возрасните можат да им помогнат на децата во заштитата од потенцијалните опасности на интернет, додека истовремено им укажуваат на содржините и на сервисите од кои можат да ползуваат корист?
Јазик: Македонски
Анализа на состојбата со е-учењето во Македонија
Опис: Моделите на координација и интеграција на активностите треба да бидат насочени и кон самите корисници поединци или групи, а не само кон субјектите кои работат на продукцијата на ресурси. Ова подразбира реализација на онлајн-сервис или веб-страници кои треба да бидат лесен мост кон ресурси кои се достапни за користење. Истражувањето е направено како дел од проектот за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Македонија.
Јазик: Македонски
Извештај за приватност и човекови права во Македонија, 2007
Опис: Извештај за Македонија, вклучен во Меѓународното истражување за законите за приватност и случувањата - Приватност и човекови права во 2007, објавено одEPIC и Privacy International. Уредник: Катица Родригез Переда. Придонесоа: Бардил Јашари, Филип Стојановски, Неда Коруновска, Данче Даниловска, Маријана Марушиќ, Елена Стојановска, Весна Паунковска
Јазик: Македонски
Извештај – Отворени образовни ресурси во Македонија – 2010г.
Опис: Извештај – Отворени образовни ресурси во Македонија – 2010г.
Јазик: Македонски
Анализа на јазот во имплементацијата на е-владеење во регионот на Западен Балкан
Опис: Анализа на јазот во имплементацијата на е-владеење во регионот на Западен Балкан (март 2006) од проф. д-р Марјан Гушев и м-р Гоце Арменски од Универзитетот Свети Кирил и Методиј, ПМФ, Институт за информатика Со цел да ја анализираат ситуацијата со е-владеењето во земјите од Западен Балкан (ЗЗБ), авторите користеа бенчмарк-анализи за е-владеење, анализи на националните стратегии за информатичко општество и извршија студија за имплементација на концептот на е-влада. Методологијата за мерење на ниво на интернет-софистицираност на основните јавни е-сервиси и проценотот на целосно достапни е-сервиси на ниво на ЕУ, развиена од Капгемини, беше употребена за проценка на четири ЗЗБ (Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина), за споредба на нивниот напредок во областа на е-владини услуги со земјите од ЕУ. Авторите исто така ги анализираа националните стратегии, особено деловите поврзани со примена на концепти на е-влада. Оваа студија ги анализира и нивоата на спроведување на акционите планови и презентира неколку прашања изложени од еСЕЕ иницијативата на Пактот за стабилност. Преку анализата на тековната ситуација авторите ги идентификуваат основните реални проблеми и нудат насоки за подобра имплементација на е-владеење во регионот Западен Балкан.
Јазик: Англиски
Citizens’ Perception and Attitudes Towards E–Waste in Republic of Macedonia
Опис: Research was conducted in Macedonia in order to provide a preliminary assessment of the legal and institutional framework, identify existing practices for e-waste management, but most importantly to obtain valid and quantifiable statistical data about the situation and awareness for e-waste in the country.
Јазик: Англиски
Електроника и е-отпад: Водич за лобирање и застапување (долга верзија)
Опис: Водичот содржи информации и алатки кои ќе им овозможат на чинителите од граѓанскиот сектор да направат притисок за промени и минимизирање на еколошкото, здравственото и општественото влијание на електрониката и е-отпадот.
Јазик: Македонски
Електроника и е-отпад: Водич за лобирање и застапување (кратка верзија)
Опис: Водичот содржи информации и алатки кои ќе им овозможат на чинителите од граѓанскиот сектор да направат притисок за промени и минимизирање на еколошкото, здравственото и општественото влијание на електрониката и е-отпадот.
Јазик: Македонски
Електроника и е-отпад: Водич за управување со е-отпад
Опис: Водичот им овозможува на носителите на одлуки и НВОи, организатори на кампањи за поеколошка електроника и преглед на барањата за безбедно и ефективно управување со е-отпад. Тука спаѓаат детали за потребната инфраструктура, како и политички и регулаторни рамки кои се користат за решавање на сè поголемиот проблем со е-отпадот.
Јазик: Македонски
Студија: Обврски, очекувања и предизвици при справување со е-отпад
Опис: Фодацијата Метаморфозис како дел од своите напори за правилно третирање на е-отпад, застапува и лобира за донесување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема. За таа цел се изработија следниве документи: Студија: Обврски, очекувања и предизвици при справување со е-отпад и Policy Brief: Отпад од електронска и електрична опрема
Јазик: Македонски
Policy Brief: Отпад од електронска и електрична опрема
Опис: Фодацијата Метаморфозис како дел од своите напори за правилно третирање на е-отпад, застапува и лобира за донесување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема. За таа цел се изработија следниве документи: Студија: Обврски, очекувања и предизвици при справување со е-отпад и Policy Brief: Отпад од електронска и електрична опрема
Јазик: Македонски
Анализа на состојбата со е-отпадот во Македонија
Опис: Во Македонија беа спроведени истражувања со цел да се обезбеди првична процена на законската и институционалната рамка, да се идентификуваат постојните практики за управување со е-отпад и што е најважно - да се добијат валидни и мерливи статистички податоци за состојбата со е-отпадот во тие земји.
Јазик: Македонски
Анализа на домените од второ и трето ниво во Македонија
Опис: Овој документ ги презентира најважните резултати од анализата на македонски домени, со состојба од 1 јануари 2006 година. Базиран е на јавно достапни податоци собрани од веб-сајтот на МАРНет, македонскиот регистратор на интернет-адреси. Анализата укажува на јасен тренд на зголемување на бројот од домени од второ и трето ниво во рамките на доменскиот простор .МК, при што деловните субјекти се водечки во нивното користење. Таа исто така покажува корелација на зголемувањето на бројот на домени со значајни настани од областа на применети политики за ИКТ, а го врти вниманието кон сопственичката структура на .МК-домените, како и нарушувањата на правилата за креирање на имиња на домени наложени од МАРНет.
Јазик: Македонски
М-р Марина Спирова (ХАЕМУС, Скопје) Пејсажот, изведбата и ритуалните активности во енеолитското светилиште Св. Атанас (с. Спанчево)
Опис: М-р Марина Спирова (ХАЕМУС, Скопје) Пејсажот, изведбата и ритуалните активности во енеолитското светилиште Св. Атанас (с. Спанчево)
Јазик: Македонски
Валентина Тодороска (ХАЕМУС, Скопје) - Подводното културното наследство на Република Македонија
Опис: Валентина Тодороска (ХАЕМУС, Скопје) - Подводното културното наследство на Република Македонија
Јазик: Македонски
М-р Биљана Гаревска (НУ Природонаучен музеј, Скопје) - Палеонтологијата во служба на археологијата
Опис: М-р Биљана Гаревска (НУ Природонаучен музеј, Скопје) - Палеонтологијата во служба на археологијата
Јазик: Македонски
М-р Василка Димитровска (ХАЕМУС, Скопје) - Цоцев Камен – пример кога карпите и камењата од нашето минато стануваат наука
Опис: М-р Василка Димитровска (ХАЕМУС, Скопје) - Цоцев Камен – пример кога карпите и камењата од нашето минато стануваат наука
Јазик: Македонски
М-р Мимица Велова-Граорковска (независен антрополог, Скопје) - Еден случај на насилна кранијална траума на скелет од Источната некропола на Скупи
Опис: М-р Мимица Велова-Граорковска (независен антрополог, Скопје) - Еден случај на насилна кранијална траума на скелет од Источната некропола на Скупи
Јазик: Македонски
Д-р Лидија Ковачева (Евробалкан, Скопје) - Форми на фаталистички верувања кај Aнтичките Македонци
Опис: Д-р Лидија Ковачева (Евробалкан, Скопје) - Форми на фаталистички верувања кај Aнтичките Македонци
Јазик: Македонски
Д-р Никос Чаусидис (УКИМ, Скопје) - „Македонските бронзи“ и религијата на железнодобните култури од Средниот Балкан
Опис: Д-р Никос Чаусидис (УКИМ, Скопје) - „Македонските бронзи“ и религијата на железнодобните култури од Средниот Балкан
Јазик: Македонски
Туторијал: Користење на TOR
Опис: Туторијал: Користење на TOR
Јазик: Македонски