Анализа на јазот во имплементацијата на е-владеење во регионот на Западен Балкан


Линк до ресурсот: Ресурс
Прикачен од: Tamara
Автор: Метаморфозис
Опис: Анализа на јазот во имплементацијата на е-владеење во регионот на Западен Балкан (март 2006) од проф. д-р Марјан Гушев и м-р Гоце Арменски од Универзитетот Свети Кирил и Методиј, ПМФ, Институт за информатика Со цел да ја анализираат ситуацијата со е-владеењето во земјите од Западен Балкан (ЗЗБ), авторите користеа бенчмарк-анализи за е-владеење, анализи на националните стратегии за информатичко општество и извршија студија за имплементација на концептот на е-влада. Методологијата за мерење на ниво на интернет-софистицираност на основните јавни е-сервиси и проценотот на целосно достапни е-сервиси на ниво на ЕУ, развиена од Капгемини, беше употребена за проценка на четири ЗЗБ (Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина), за споредба на нивниот напредок во областа на е-владини услуги со земјите од ЕУ. Авторите исто така ги анализираа националните стратегии, особено деловите поврзани со примена на концепти на е-влада. Оваа студија ги анализира и нивоата на спроведување на акционите планови и презентира неколку прашања изложени од еСЕЕ иницијативата на Пактот за стабилност. Преку анализата на тековната ситуација авторите ги идентификуваат основните реални проблеми и нудат насоки за подобра имплементација на е-владеење во регионот Западен Балкан.
Област: Општествени науки
Предмет: Друго
Ниво на образование: Неформално
Јазик: Англиски
Тип на ресурс: Анализа
Формат: Текст или комбиниран ресурс
Лиценца: Целосна слобода, само наведи го авторот
Број на преземања: 381
Рејтинг: