Маја Георгиева


Институција: ООУ,, Ѓорѓија Пулевски,,
Лични сајтови:

Кратка биографија: Магистер по педагошки науки. Тринаесет години професор по одделенска настава во ООУ,, Ѓорѓија Пулевски,, - Аеродром. Едукант на семејна и системска психотерапија.
,,Да ја заштитиме планетата Земја,,
Опис: Едукативно-креативна работилница за Светскиот ден на планетата Земја,со цел подигнување на свесноста за зачувување на животната средина.Учениците од петто одделение активно учествуваа во оваа работилницата на далечина.Секој ученик имаше можност да направи избор од понудените четири активности. На крај учениците презентираа што подготвиле.
Јазик: Македонски
,,Емоции,,- втор дел
Опис: Едукативно креативна работилница. Оваа работилница ја реализирав со учениците од петто одделение преку далечина. Целта е учениците да стекнат знаења за емоции, видови емоции,да умеат да ги препознаваат сопствените и туѓите емоции,да ја сфатат важноста на изразување на секоја емоција,да ги почитуваат емоциите на луѓето кои се разликуваат од сопствените и да презентираат како се чувствуваат овој период.
Јазик: Македонски
,,Броеви,,
Опис: Креативна работилница за ученици од прво одделение - препознавање и запишување на броеви. Во работилницата има неколку креативни идеи.
Јазик: Македонски
,,Права на децата,,
Опис: Едукативно-креативна работилница за правата на децата реализирана по повод недела на детето(правата недела од месец октомври).
Јазик: Македонски
,, Конфликти,,
Опис: Едукативно-забавна работилница за конфликт, начини на соочување во конфликтна ситуација и добри начини на реагирање кога ќе се најдеме во конфликтна ситуација. Оваа работилница ја имав со моите ученици кои се петто одделение. Иако беше работилница на далечина со учениците, атмосферата беше прекрасна. Работилницата може да биде за ученици од трето до петто одделение.
Јазик: Македонски
,,Емоции,,-прв дел
Опис: Едукативно-креативна работилница за развој на свесноста за себе, за воочување на различни начини на покажување на емоции.
Јазик: Македонски
,,Повторуваме преку игра,,
Опис: Оваа игра ја подготвив за учениците од прво одделение, со цел повторување по македонски јазик(препознавање на букви, кажување зборови кои започнуваат на дадената буква) и математика( препознавање и запишување на броеви).
Јазик: Македонски
,,Песна за нашето училиште,,
Опис: По повод патрониот празник на нашето училиште, учениците самостојно напишаа стихови за училиштето, со желба за побрзо враќање во училишните клупи.
Јазик: Македонски
,,Здрав живот,,
Опис: Едукативно-креативна работилница за здрав живот.Целта на оваа работилница е проверување на стекнатите знаења и проширување на знаењата за влијанието на правилниот начин на исхрана врз правилен раст и развој, нормално функционирање на целиот организам. Јас оваа работилница ја подготвив за Светкиот ден на здравјето.
Јазик: Македонски
,,Семејство,,
Опис: Едукативно-креативна работилница по повод Меѓународниот ден на семејството. Корелација на предметот македонски јазик со работа со компјутери.
Јазик: Македонски
,,Книгата е мојот најдобар пријател,,
Опис: Едукативно-креативна работилница со активности по повод месец на книгата(15.10.2020- 15.11.2020)
Јазик: Македонски
,,Чист воздух,,
Опис: Презентации од ученицте на тема,,Што ти можеш да направиш за почист воздух,,
Јазик: Македонски