На 31.10.2019, четврток, во основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари, претставници на Фондацијата Метаморфозис одржаа презентација и работилница заедно со дел од наставничкиот колектив во рамките на проектот Отворени образовени ресурси (ООР). Преку презентацијата на концептите на ООР наставничкиот кадар се запозна со користа од примената на ваквиот концепт и погледнаа примери на редовно користење на отворените образовни ресурси во наставата.

Кога едукаторите традиционално пишуваат учебник, тие генерално треба да потпишат договор за авторски права кај издавачите. Кога пишуваат учебници со отворен пристап или продуцираат некој друг вид на отворени образовни ресурси, нема потреба за потпишување на договор за авторски права – креаторите го задржуваат правото за копирање, дистрибуирање и повторна употреба на нивните дела. 
Ја продолжуваме востановената пракса на ООР сајтот да презентираме и препорачуваме домашни образовни ресурси. Се надеваме дека со нивното презентирање ќе ја прошириме нивната употреба, ќе помогнеме во нивна понатамошна афирмација, но и ќе мотивираме создавање на дополнителни ресурси во различни научно-образовни области.
На 27 ноември се одржа презентација за отворените образовни ресурси (ООР) пред студентите од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје. Студентите беа информирани за основните поими и концепти на движењето за ООР, како и тековните развојни трендови во оваа област. 

