Одржана презентација и работилница за изработка на отворени образовни ресурси во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“

На 31.10.2019, четврток, во основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари, претставници на Фондацијата Метаморфозис одржаа презентација и работилница заедно со дел од наставничкиот колектив во рамките на проектот Отворени образовени ресурси (ООР). Преку презентацијата на концептите на ООР наставничкиот кадар се запозна со користа од примената на ваквиот концепт и погледнаа примери на редовно користење на отворените образовни ресурси во наставата.

[Read more…]

Одржана тркалезна маса: „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“

DSC 8435На 19 декември, со почеток во 11:00 часот, во Центарот за конференции и студии при Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје се одржа тркалезна маса на тема: „Отворени образовни ресурси – Искуства, придобивки, предизвици, отворени прашања и идни чекори“.

На настанот поддржан од Фондацијата Метаморфозис, а на кој беше претставена Алијансата за отворени образовни ресурси, присуствуваа 35 учесници од основни и средни училишта, универзитети, библиотеки, невладини организации и јавни институции.

[Read more…]

Публикациите на УНЕСКО ќе бидат бесплатно достапни согласно новата Политика на Отворен пристап

УНЕСКО ќе ги направи достапни своите дигитални публикации за милиони луѓе ширум светот, бесплатно, со отворена лиценца. По одлуката на Извршниот одбор на организацијата во април, УНЕСКО постана првиот член на Обединетите Нации кој усвои политика на отворен пристап за своите публикации. Новата политика значи дека секој ќе може да ги преземе, преведе, адаптира, дистрибуира и повторно сподели публикациите и податоците на УНЕСКО без да плати. [Read more…]

Препораки за домашни образовни ресурси

Ја продолжуваме востановената пракса на ООР сајтот да презентираме и препорачуваме домашни образовни ресурси. Се надеваме дека со нивното презентирање ќе ја прошириме нивната употреба, ќе помогнеме во нивна понатамошна афирмација, но и ќе мотивираме создавање на дополнителни ресурси во различни научно-образовни области. [Read more…]

Второ кратко анимирано видео кое нè учи на отворено споделување на знаењето

Минатата недела, на меѓународната конференција е-Општество.мк беше промовирано второто од серијата кратки анимирани видеа за промоција на концептот отворени образовни ресурси и споделување на знаењето. Видеото се вика „Правопис“ и низ куса шеговита приказна пренесува една честа сцена од секојдневието, потсетувајќи нè колку е важно образованието, како формалното, така и неформалното.

[Read more…]