Отворени образовни ресурси го посети основното училиште „Гоце Делчев“ во село Василево

Тимот од Фондацијата Метаморфозис што го спроведува проектот Отворени образовни ресурси на 22.11.2019 година го посети основното училиште „Гоце Делчев“ во село Василево, Струмичко. Таму беше одржана презентација на концептот на ООР, користа од ваквите ресурси и преку вистински примери каде редовно се употребуваат овие ресурси, наставниците беа запознаени со нив.

[Read more…]

Реализирани уште две посети на основни училишта во рамки на проектот Отворени образовни ресурси

На 12 и 14 октомври беа посетени уште две училишта во рамки на проектот Отворени Образовни Ресурси спроведен од Фондацијата Метаморфозис. Во основните училишта „Браќа Рибар“ во с. Табановце и „Мустафа Кемал Ататурк“ во с. Долно Количани беа одржани презентации и работилници чија цел е да се запознае наставниот кадар со концептите на ООР, нивната корисност, како и со вистински примери каде тие се употребуваат редовно во наставниот процес.

[Read more…]

Продолжуваат презентациите и работилниците за ООР во основните училиштата низ Северна Македонија

На 4, 5 и 6 ноември 2019, тимот на Метаморфозис ги посети основните училишта „Светозар Марковиќ“ во село Старо Нагоричане, „Рајко Жинзифов“ во село Горно Оризари и „Дитурија“ во селото Љубин. Овие посети, на кои најпрво се одржува презентација на концептот отворени образовни ресурси, а потоа следи интерактивна работилница, се дел од проектот Отворени Образовни Ресурси кој го спроведува Фондацијата Метаморфозис. Преку ваквите посети, наставниот кадар на училиштата се запознава со ООР, нивната корисност и употреба во училницата.

[Read more…]

Работилница за создавање Отворени Образовни Ресурси во ООУ Кирил и Методиј во с. Кучевиште

На 01.11.2019, во основното училиште „Кирил и Методиј“ во с.Кучевиште се одржа презентација и работилница во рамките на проектот Отворени Образовни Ресурси, кој го спроведува Фондацијата Метаморфозис. Ова е втора ваква работилница реализирана во рамки на проектот, преку кој наставниот кадар се запознава со концептите на ООР, нивната корисност и примери каде истите редовно се користат во наставата. [Read more…]

Одржана презентација и работилница за изработка на отворени образовни ресурси во ООУ „Браќа Рамиз и Хамид“

На 31.10.2019, четврток, во основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“ во Шуто Оризари, претставници на Фондацијата Метаморфозис одржаа презентација и работилница заедно со дел од наставничкиот колектив во рамките на проектот Отворени образовени ресурси (ООР). Преку презентацијата на концептите на ООР наставничкиот кадар се запозна со користа од примената на ваквиот концепт и погледнаа примери на редовно користење на отворените образовни ресурси во наставата.

[Read more…]