Отворени образовни ресурси го посети основното училиште „Гоце Делчев“ во село Василево

Тимот од Фондацијата Метаморфозис што го спроведува проектот Отворени образовни ресурси на 22.11.2019 година го посети основното училиште „Гоце Делчев“ во село Василево, Струмичко. Таму беше одржана презентација на концептот на ООР, користа од ваквите ресурси и преку вистински примери каде редовно се употребуваат овие ресурси, наставниците беа запознаени со нив.

По презентирањето на концептот на отворени образовни ресурси следуваше работилница од интерактивен карактер на која наставниците беа охрабрени да создадат ресурси и соодветно да ги заштитат со Криејтив Комонс лиценци. На секоја работилница посебно внимание се посветува на создавањето на отворени ресурси на јазиците на малцинските заедници.

Проектот „Отворени Образовни Ресурси“ е поддржан од Фондацијата Отворено Општество – Македонија.