Презентација на ООР за наставниот кадар во предучилишните установи

На 23 ноември во Скопје се одржа презентација за отворени образовни ресурси (ООР) во просториите на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје. Пред околу 20-тина членови на учителскиот кадар од скопските предучилишни установи беа презентирани концептите и праксите во употребата на ООР, како и достапните ресурси за овој степен на образование. [Read more…]

Отворените образовни ресурси презентирани на ИСППИ

На 01 и 02 ноември во просториите на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) беа oдржани 2 презентации за отворени образовни ресурси (ООР). На 01 ноември беше одржана презентација пред работниот кадар на институтот, додека наредниот ден во презентациските активности беа вклучени постдимпломците и докторантите на оваа научно-образовна институција.  [Read more…]

Работилница за ООР во општина Аеродром

На 24 октомври во основното училиште „Љубен Лапе“ од Скопје беше одржана работилница за отворени образовни ресурси (ООР) пред група наставници од основните училишта во општина Аеродром. Наставниците беа запознаени со основните цели и концепти на движењето за отворено образование и за концептите, најновите трендови во користењето на интернетот и дигиталните алатки во образованието, како и за достапноста на отворените ресурси слободни за употреба. [Read more…]

Википедија – презентација и прирачник

Кога се зборува за отворени образовни ресурси, еден од најважните проекти во оваа област е проектот на отворената енциклопедија, Википедија. Обемот на знаење, информации, содржини од речиси сите области на науката, историјата, технологијата, популарната култура, и други, ја правата Википедија уникатен проект со нерпоценливо значење од глобален карактер. [Read more…]

Водич за отворени образовни ресурси на албански јазик

Водич за отворени образовни ресурси на албански јазикСедмиот „Водич за ИКТ“ на Метаморфозис е за сите, бидејќи секој што сака да учи и да стекнува нови знаења може да има корист од него. Овој водич им е наменет и на оние кои го создаваат и сакаат да го споделуваат знаењето во секоја форма со цел да го направат подостапно и пораширено.

Низ овие страници можете да се запознаете со концептот отворени образовни ресурси и сродните иницијативи, состојбата во Македонија, да прочитате примери и добри практики од нивната примена во светот, како и препораки за нивниот развој во иднина. Целта е да научиме и веднаш да го примениме знаењето.

Преземи го водичот