Анимираното видео „Денари“ е најновото и последно издание од серијалот на кратки анимирани видеа изработени во рамките на проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“. Како и претходните две, „Брзина на звук“ кое беше инспирирано од областа на физиката и „Правопис“ инспирирано од честите правописни грешки, и во ова видео се претставени едукативни факти, овој пат поврзани со македонските пари.
Целта на овие видеа е да не потсетат колку е важно образованието, како формалното, така и неформалното и колку отворените образовни ресурси играат значајна улога во едукацијата.
Сите видеа се изработени во 2Д анимација и се достапни на македонски и на албански јазик. Овие анимирани видеа се развиени во рамките на проектите „Иницијатива за отворени образовни ресурси во Македонија“ и „Децентрализирана соработка помеѓу Македонија и регионот Долна Нормандија“.