На изборот за Нај ООР наставник за 2016 година, кој траеше до 10 февруари 2017 година, во кој учествуваа 4 наставници, а својот глас го дадоа 264 гласачи, за Нај ООР наставници беа избрани:
- Зорица Милкова, ООУ „Тошо Велков – Пепето“, Кавадарци – изгласана од членовите на Алијансата за ООР
- Адријана Тодорова, ООУ„Петар Мусев“, Богданци – избрана од стручна жири комисија
Наградата за победниците на изборот е учество на третата Едуконференција за наставници и информатичари 2017 која ќе се одржи во периодот 8 – 9 април, 2017 година во Хотел Дрим, Струга.

Продолжувајќи ја традицијата и оваа година, трет пат по ред, Алијансата за отворени образовни ресурси во Македонија објавува повик за избор на Нај ООР наставник за основно образование и Нај ООР професор за средно образование за 2016 година. Номинирајте го Вашиот омилен наставник, професор или колега кој користи и создава отворени образовни ресурси во наставата!
На 15 ноември, со почеток во 11.00 часот, во ЕУ Инфоцентар во Скопје, се одржа панел дискусија на тема: „Граѓански иницијативи за промена на закони“. Оваа панел дискусија е дел од проектот Граѓаните во Собранието, имплементиран од Вестминстер фондација за демократија и Високата школа за новинарство и за односи со јавноста.
Фондацијата Метаморфозис, во рамките на проектот „Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права” на Вестминстер Фондација за демократија, изготви документ за јавна политика на тема: „Можности за законска имплементација на ООР“. Во овој документ е содржана сеопфатна анализа на законската рамка за образование и можностите за имплементација на отворените образовни ресурси, имено таа го опфаќа законот за основно образование, закон за средно образование, закон за високо образование, закон за учебници за основно и средно образование, закон за авторско право и сродни права, а овозможува согледување на состојбите, изведување заклучоци и препораки за можно регулирање на отворените образовни ресурси во овие закони. 


