Фондацијата Метаморфозис, во рамките на проектот „Граѓаните во Собранието: Законодавни иницијативи за човекови права” на Вестминстер Фондација за демократија, изготви документ за јавна политика на тема: „Можности за законска имплементација на ООР“. Во овој документ е содржана сеопфатна анализа на законската рамка за образование и можностите за имплементација на отворените образовни ресурси, имено таа го опфаќа законот за основно образование, закон за средно образование, закон за високо образование, закон за учебници за основно и средно образование, закон за авторско право и сродни права, а овозможува согледување на состојбите, изведување заклучоци и препораки за можно регулирање на отворените образовни ресурси во овие закони.
Нацрт-верзијата од заклучоците и препораките е достапна за преземање.
Ве покануваме да го дадете вашиот придонес преку оставање на коментар, забелешка или препорака која би сакале да биде разгледана и вклучена во финалната верзија на овој документ, најдоцна до 12.00 часот, понеделник, 03.10.2016 година преку пополнување на следниот формулар.