На 27 ноември се одржа презентација за отворените образовни ресурси (ООР) пред студентите од Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет во Скопје. Студентите беа информирани за основните поими и концепти на движењето за ООР, како и тековните развојни трендови во оваа област. Како дел од презентацијата настапија м-р Марина Василева, м-р Василка Димитровска и проф. д-р Владимир Трајковски со свои презентации на теми примена на ИКТ технологијата, Википедија и социјалните медиуми во наставата и образовниот процес.
Пред студентите беа демонстрирани позитивни пракси за употреба на новите технологии во наставата и научно-образовниот процес кои олеснуваат пристап до различни видови материјали, ја поттикнуваат соработката помеѓу студентите, професорите, создаваат научни заедници по различни интереси и потреби и го поедноставуваат издавачкиот процес. Примената на дигиталните технологии има извонреден замав во сферата на образованието, а на инволвираните во образовниот процес и одговорните инстутуции останува одговорноста придобивките од овој процес да ги направат подостапни за што поголем број на граѓани.