Eлектронски учебници

e-ucebnici.mk e дигитална библиотека за чување, пребарување и разгледување на електронски учебници наменети за ученици во основно и средно образование, како и за нивните наставници и родители. Во листата на достапни учебници има 127 примероци од прво до осмо одделение, на македонски, албански, српски и турски јазик. Учебниците можат да се преземат во PDF формат и лесно да се прилагодуваат за употреба и печатење.

Образовни видеа на МОН

Во изработка на Министерството за образование и наука на располагање за слободна употреба во образовни цели, за остручување на заинтересирани лица, како и за образовен процес со лица со посебни потреби, достапна за слободно користење е видео базата „eduvideo.mon.gov.mk“. Tука можете да најдете голем број видео содржини за различни степени на образование и остручување, и за различни области.

Википедија како образовен ресурс

Што е Википедија?

Википедија е онлајн енцклопедија изработена од волонтери кои работат на изработка на енциклопедии на различни јазици. Сите содржини на Википедија се лесно достапни и се за слободна за употреба. Главната мисија на проектот „Википедија“ е собирање човеково знаење на различни јазици, со што се олеснува достапноста на знаењето. Исто така се промовираат принципите дека знаењето треба да е бесплатно, слободно и лесно пристапно до секого. [Read more…]

Дигитален речник на македонскиот јазик

Во подготовка на САМ97-МАК ДООЕЛ ставен е на слободно користење и располагање „Дигиталниот речник на македонскиот јазик“. Лексичкиот фонд и нивните толкувања се користени од следните извори:

  • „Речник на македонскиот јазик“ од Блаже
     Конески, Том 1-3, Детска радост, 1994.
  • „Толковен речник на македонскиот јазик“, Том 1-4, издаден од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 2003-2009 [Read more…]

Образовни онлајн бази

Брзиот развој на интернетот во текот на последната деценија отвори големи можности за негова ефикасна употреба во образованието. Мултимедијалните  капацитети на широкопојасниот интернет отвораат нови опции за тоа како може да се креираат, дистрибуираат и користат образовни содржини преку интернет. [Read more…]