Википедија како образовен ресурс

Што е Википедија?

Википедија е онлајн енцклопедија изработена од волонтери кои работат на изработка на енциклопедии на различни јазици. Сите содржини на Википедија се лесно достапни и се за слободна за употреба. Главната мисија на проектот „Википедија“ е собирање човеково знаење на различни јазици, со што се олеснува достапноста на знаењето. Исто така се промовираат принципите дека знаењето треба да е бесплатно, слободно и лесно пристапно до секого.

„Замислете свет во кој секоја личност има слободен пристап до целокупното човеково знаење. Кон тоа се стремиме.“

Википедија на македонски јазик моментно брои 55.350 енциклопедиски статии:

Од другите јазици во употреба во образованието во Република Македонија може да се наведе и Википедија на албански јазик со 41,428 статии:

 Ако сакате да стапите во контакт со тимот на „Викимедија“ од Македонија можете тоа да го направите преку нивната електронска адреса: vikipedija@lists.softver.org.mk