Archives for јуни 2012

Eлектронски учебници

e-ucebnici.mk e дигитална библиотека за чување, пребарување и разгледување на електронски учебници наменети за ученици во основно и средно образование, како и за нивните наставници и родители. Во листата на достапни учебници има 127 примероци од прво до осмо одделение, на македонски, албански, српски и турски јазик. Учебниците можат да се преземат во PDF формат и лесно да се прилагодуваат за употреба и печатење.

Образовни видеа на МОН

Во изработка на Министерството за образование и наука на располагање за слободна употреба во образовни цели, за остручување на заинтересирани лица, како и за образовен процес со лица со посебни потреби, достапна за слободно користење е видео базата „eduvideo.mon.gov.mk“. Tука можете да најдете голем број видео содржини за различни степени на образование и остручување, и за различни области.

Википедија како образовен ресурс

Што е Википедија?

Википедија е онлајн енцклопедија изработена од волонтери кои работат на изработка на енциклопедии на различни јазици. Сите содржини на Википедија се лесно достапни и се за слободна за употреба. Главната мисија на проектот „Википедија“ е собирање човеково знаење на различни јазици, со што се олеснува достапноста на знаењето. Исто така се промовираат принципите дека знаењето треба да е бесплатно, слободно и лесно пристапно до секого. [Read more…]

Дигитален речник на македонскиот јазик

Во подготовка на САМ97-МАК ДООЕЛ ставен е на слободно користење и располагање „Дигиталниот речник на македонскиот јазик“. Лексичкиот фонд и нивните толкувања се користени од следните извори:

  • „Речник на македонскиот јазик“ од Блаже
     Конески, Том 1-3, Детска радост, 1994.
  • „Толковен речник на македонскиот јазик“, Том 1-4, издаден од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, 2003-2009 [Read more…]

Координативна средба на тема ООР

На 31 мај во просториите на Фондацијата за интернет и општество „Метаморфизис“ во Скопје се одржа координативна средба на група стручни лица, наставници, професори и активисти на полето на образованието и новите медиуми.  На средбата беа презентирани целите и плановите на проектот „Отворени образовни ресурси“ чиј носител е фондацијата „Метаморфозис“ и беа дискутирани можности за соработка, како и подобро поврзување на сите активни чинители на ова поле. [Read more…]