Запознајте го edX

Во препорачаните содржини на нашиот сајт веќе ви ја претставивме извонредната Coursera. На слична тематика, бесплатни онлајн курсеви за сите заинтересирани, неизбежно е да ја презентираме и сé попопуларната edX[Read more…]

Образовните ресурси на ОУ Блаже Конески

Низ проектот за ООР имавме можност да се сретнеме со голем број образовни работници кои со нас споделија голем број од своите материјали, активности и идеи, и не информираа како тие практично ги користат новите дигитални алатки и интернетот во образовни цели. Еден од најимпресивните трудови е оној кој со нас го споделија наставниците од О.У. Блаже Конески од Скопје. [Read more…]

Препораки за домашни образовни ресурси

Ја продолжуваме востановената пракса на ООР сајтот да презентираме и препорачуваме домашни образовни ресурси. Се надеваме дека со нивното презентирање ќе ја прошириме нивната употреба, ќе помогнеме во нивна понатамошна афирмација, но и ќе мотивираме создавање на дополнителни ресурси во различни научно-образовни области. [Read more…]

Препораки за напредно пребарување на интернет

Пронаоѓањето на податоци и содржини на интернет зависат најмногу од нашата способност точно да го дефинираме поимот или содржината кои ги бараме. Често содржините кои ни требаат се достапни на интернет, но ние не успеваме да го најдеме патот до нив.

[Read more…]

Дигитален архив на македонскиот јазик

На 6 ноември во Скопје беше промовирано фототипското издание на „Граматика на македонскиот литературен јазик“ од американскиот професор по славистика на универзитет Харвард,  Хорас Г. Лант. Ова воедно е и убав повод до делот на ресурси за ООР да го претставиме и приопштиме дигиталниот архив на македонскиот јазик.
[Read more…]

Што знаете за брзината на звукот?

Како најново збогатување на ресурсите изработени во рамките на проектот Отворени образовни ресурси, е првото видео наречено „Брзина на звук“. Видеото е достапно на македонски и на албански јазик, а претставува кратка анимирана приказна, во која се илустрираат интересни факти за брзината на звукот.  [Read more…]

Википедија – презентација и прирачник

Кога се зборува за отворени образовни ресурси, еден од најважните проекти во оваа област е проектот на отворената енциклопедија, Википедија. Обемот на знаење, информации, содржини од речиси сите области на науката, историјата, технологијата, популарната култура, и други, ја правата Википедија уникатен проект со нерпоценливо значење од глобален карактер. [Read more…]

Јутјуб како ООР

Кога се зборува за отворени образовни ресурси (ООР), видео сервисот „Youtube“ е речиси неодминлив. Можностите за слободно споделување на видео содржини и ефикасната употреба на визуелната комуникација го прават „Youtube“ извонредна алатка за сите образовни намени и пригоди. [Read more…]

ООР во наставата во Македонија

Погодноста на отворените образовни ресурси не се состои само во нивно користење како готов образовен материјал. ООР можат да се употребат на различни начини кои го подобруваат, прошируваат и збогатуваат наставниот процес и интерактивноста со учениците.

[Read more…]

Coursera – зачеток на револуција во онлајн-образованието

Coursera – зачеток на револуција во онлајн-образованиетоВеќе се наѕира она што Бил Гејтс го предвиде околу иднината на образованието. Имено, во текот на едно интервју во 2010-та година, тој изјави дека за 5 години, најдоброто образование  во светот ќе можете да го стекнете на интернет. Истовремено, Гејтс предвиде и бавна смрт на универзитетите засновани на локација, односно прибирањето на студентите во кампуси и сл. Платформата Coursera е токму олицетворението на застареноста на конвенционалното образование.

[Read more…]