Запознајте го edX

Во препорачаните содржини на нашиот сајт веќе ви ја претставивме извонредната Coursera. На слична тематика, бесплатни онлајн курсеви за сите заинтересирани, неизбежно е да ја презентираме и сé попопуларната edX[Read more…]

Отворен код, слободен софтвер и отворени образовни ресурси

Софтверот со отворен код (Open source software) подразбира достапност на кодот кој е развиен од страна на програмерите и слобода за негово прилагодување и менување од страна на други програмери. Развивачите на ваков софтвер веруваат дека дозволувајќи им на сите кои сакаат да направат некаква промена на кодот, овозможуваат на долг рок апликацијата да стане покорисна и со многу помалку грешки во работата. [Read more…]

Разлика меѓу софтвер со отворен код и слободен софтвер

Дефинициите на овие два поими се многу слични. Разликата се состои во нагласување на различни аспекти. Додека во слободниот софтвер се потенцира слободата која им се дава на корисниците, терминот отворен код се асоцира со видливоста на изворниот код за сите, истакнувајќи го квалитетот на софтверот што е резултат на развојните модели кои се применуваат во проектите за слободен софтвер со отворен код. Во некои случаи слободниот софтвер не е и сосема со отворен код, и обратно. Слободниот софтвер пак, не е исто што и бесплатен софтвер (freeware). [Read more…]

Влијанието на софтверот со отворен код врз образованието

Отворените образовни ресурси имаат многу заеднички аспекти со слободниот софтвер со отворен код, а поврзување на поимите за првпат е направено во 1998 од страна на Дејвид Вајли, кој концептот на отворена содржина го довел во аналогија со концептот на отворен код. [Read more…]