Образовните ресурси на ОУ Блаже Конески

Низ проектот за ООР имавме можност да се сретнеме со голем број образовни работници кои со нас споделија голем број од своите материјали, активности и идеи, и не информираа како тие практично ги користат новите дигитални алатки и интернетот во образовни цели. Еден од најимпресивните трудови е оној кој со нас го споделија наставниците од О.У. Блаже Конески од Скопје. Тие низ својата работа со учениците во голема мера се потпреле на новите дигитални можности и методики кои можат да се применат во наставата. На нивната веб страница можат да се најдат сите информации за самото училиште, активностите на наставниците и учениците и многу примери за т.н. „добри практики“ во образовниот процес.

Tокму овие содржини се одлично организирани по одделенија и се извонредна ризница за сите оние кои се активни во основното образование и кои во нив можат да најдат одлични примери за споделување и користење во наставата. Ќе претставиме еден од многуте образовни видеа, овој пат на од предметот англиски јазик и на тема утврдување на вокабуларот низ интерактивни игри. Остатокот од видеата, како и другите материјали, моожете да ги прегледате на нивната веб-страница под делот „Добри училишни пракси“.