Често поставувани прашања за Отворени образовни ресурси

Што се отворени образовни ресурси?
Концептот за Отворени образовни ресурси (ООР) ги опфаќа сите образовни ресурси, вклучувајќи ги и наставните програми, материјали од курсеви, учебници, онлајн-видеа, мултимедијални програми, поткасти, како и секаков друг материјал кој е дизајниран за употребување во настава и при учење, кои се бесплатно достапни за употреба од страна на наставници и ученици, без потребата од плаќање надомест за авторски права или такси за лиценца. [Read more…]

Што знаете за брзината на звукот?

Како најново збогатување на ресурсите изработени во рамките на проектот Отворени образовни ресурси, е првото видео наречено „Брзина на звук“. Видеото е достапно на македонски и на албански јазик, а претставува кратка анимирана приказна, во која се илустрираат интересни факти за брзината на звукот.  [Read more…]

Осма меѓународна конференција е-Општество.мк

Метаморфозис и во 2012 продолжува со одржување на традиционалната конференција е-Општество.мк. Oсмата меѓународна конференција е-Општество.мк, оваа година ќе биде на темата: „Отворено образование за отворено општество – Да го споделиме знаењето!“, а ќе се одржи на 14 и 15 ноември во хотелот Холидеј Ин во Скопје, Македонија. [Read more…]

Презентација за ООР пред студентите на МБУ

На 26 септември 2012 се одржа презентација за отворени образовни ресурси (ООР) пред студентите на „Меѓународниот балкански универзитет“ во Скопје. Дел од проектниот тим на ООР им го презентираше на студентите проектот за Отворени образовни ресурси, активностите, идеите и искуствата со ООР во светот. [Read more…]

Видео: Отворени образовни ресурси во училиштето

На конкурсот „Зошто е важно отвореното образование“ помеѓу селектираните 60 видеа беше и видеото снимено во основното училиште „Петре Поп Арсов“, Богомила, Чашка. Погледнете го и него и како неговите автори ја приопштуваат идејата за отвореното образование преку ова видео. [Read more…]