На 26 септември 2012 се одржа презентација за отворени образовни ресурси (ООР) пред студентите на „Меѓународниот балкански универзитет“ во Скопје. Дел од проектниот тим на ООР им го презентираше на студентите проектот за Отворени образовни ресурси, активностите, идеите и искуствата со ООР во светот. [Read more…]
Каде се наоѓа Криејтив комонс во светот на авторските права?
Лиценците „Криејтив комонс“ се наоѓаат помеѓу целосно заштитените авторски права и јавниот домен, во кој пак, спаѓаат делата кои можат да се користат без никакви ограничувања и услови. Наоѓајќи се некаде на средина, овие лиценци овозможуваат заштита на авторските дела од непосакувани употреби, додека истовремено ја поттикнуваат соработката, надградувањето на знаењата, креативноста и обемот на достапни содржини на интернет воопшто. Вака имаат полза и споделувачите и оние за кои се споделува.
Како функционира Криејтив комонс?
Доколку сте автор на некое дело и сакате да го објавите под Криејтив комонс лиценца, треба да појдете на creativecommons.org/choosе и да одговорите на краткиот прашалник, врз основа на кој ќе ви се генерира код, кој потоа треба да го вградите во вашиот сајт, презентација, документ… Целата постапка се одвива на интернет и одзема неколку минути. [Read more…]