На 26 септември 2012 се одржа презентација за отворени образовни ресурси (ООР) пред студентите на „Меѓународниот балкански универзитет“ во Скопје. Дел од проектниот тим на ООР им го презентираше на студентите проектот за Отворени образовни ресурси, активностите, идеите и искуствата со ООР во светот.
Студентите имаа можност низ презентацијата и од проектните материјали да се запознаат одблиску со придобивките кои ги нудат отвореното образование и слободните рерсурси, за развиените алатки и сервиси за слободно користење во едукативни цели кои им стојат на располагање и кои можат во голема мера да им помогнат во образовното надградување.
Низ дополнителна дискусија и размена на локални искуства темата им беше доближена на студентите со цел да ги мотивира за пронаоѓање на решенија за постоечките проблеми и да ги мотивира да придонесат кон создавање на образовни ресурси слободни за користење.