Осма меѓународна конференција е-Општество.мк

Метаморфозис и во 2012 продолжува со одржување на традиционалната конференција е-Општество.мк. Oсмата меѓународна конференција е-Општество.мк, оваа година ќе биде на темата: „Отворено образование за отворено општество – Да го споделиме знаењето!“, а ќе се одржи на 14 и 15 ноември во хотелот Холидеј Ин во Скопје, Македонија.

Оваа година, темите опфатени на конференцијата ќе овозможат размена на досегашни искуства, како и идеи и препораки за развој на образованието во иднина, потпомогнато со употребата на новите технологии и концептот на слободно споделување.

Првиот ден ќе се разработуваат теми поврзани со отворените образовни ресурси и отворениот пристап, како и правно-институционалните предуслови за нивниот развој во државите во регионот. Покрај тоа, една сесија ќе биде посветена на примената на софтвер во формалното образование, а особено на оној со отворен код. Првиот ден ќе заврши со препораки за развој и иновации кои може да се инкорпорираат во образовниот процес.

Вториот ден ја проширува темата, отворајќи ги прашањата за градење заедници на интернет и концептот Отворен универзитет како идеја кон која се насочува високото образование. Исто така, ќе се анализира улогата која ја има граѓанскиот сектор во процесот на создавање ресурси кои служат за едукација, во формалното, но пред сè во неформалното образование.

Формуларот за регистрација е активен и достапен на официјалниот веб-сајт на конференцијата е-Општество.мк. Воедно, ве покануваме да го пријавите вашето учество на конференцијата.

Сите детали за конференцијата, како и агендата (.pdf) ќе ги најдете на www.e-society.mk.

Хаштагот за конференцијата е #esociety12.

Конференцијата е поддржана од Фондации Отворено општество и Фондацијата отворено општество – Македонија.

Коментари

  1. marina says:

    Zdravo!Ova e odlicna tribina Bravo za nea.Do neodamna ziveev vo Amerika i dosta go nabljuduvav tamosniot obrazoven sistem.I za vreme na mojot celokupen prestoj neminovna bese prizmata na vidici i zum kon tamosniot obrazoven sistem vo korelacija so nasiot.Izrabotiv proekt kade moja licna idea bese da intervjuiram nastavnik od ista vozrasna grupa od Makedonia i istiot no Amerikanka.Imase odlicen rezultat kade sto tamu konkretno imase novi po ime metodi na rabota so deca kade sto so voodusevuvanje uzivav vo sporedbata i dojdov do zaklucok deka da se bide makedonec a da se raboti na stremezot za podobro obrazovanie e dosta golem benefit.Posebno vo onaa grupa na deca kade obrazovanieto treba da im predstavuva skele-podloga za kvalitetna nadogradba na ponatamosnata edukacija(periodor od prvo do cetvrto oddelenie).Prv pat slusam iskreno za vasava tribina i sum voodusevena.I sakam neminovno da bidam del od istava.
    Sekoe dobro!

Кажи што мислиш на темава

*