Погодноста на отворените образовни ресурси не се состои само во нивно користење како готов образовен материјал. ООР можат да се употребат на различни начини кои го подобруваат, прошируваат и збогатуваат наставниот процес и интерактивноста со учениците.
ООР работилница со студентите на ФИНКИ
На 2 октомври во Скопје во просториите на „Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство“ (ФИНКИ) се одржа работилница за отворени образовни ресурси (ООР).
На работилницата учествуваа членовите на студентскиот парламент при ФИНКИ, додека самата работилница се состоеше од два модула: „Вовед и трендови на полето на ООР“ и „ООР и употребата на Википедија“ изведена од м-р Василка Димитровска. [Read more…]
Презентација за ООР пред студентите на МБУ
На 26 септември 2012 се одржа презентација за отворени образовни ресурси (ООР) пред студентите на „Меѓународниот балкански универзитет“ во Скопје. Дел од проектниот тим на ООР им го презентираше на студентите проектот за Отворени образовни ресурси, активностите, идеите и искуствата со ООР во светот. [Read more…]
Методи, насоки и примери на ООР во Македонија
На Македонија не ѝ се страни ООР, како и идеите на слободен пристап (Open Access). Како што покажуваат анализите, се покажува потреба од подобра координација помеѓу самите активности, интензивирање на некои од нив, и надградување на некои од сработените фази за развој на ООР. [Read more…]