Разлика меѓу софтвер со отворен код и слободен софтвер

Дефинициите на овие два поими се многу слични. Разликата се состои во нагласување на различни аспекти. Додека во слободниот софтвер се потенцира слободата која им се дава на корисниците, терминот отворен код се асоцира со видливоста на изворниот код за сите, истакнувајќи го квалитетот на софтверот што е резултат на развојните модели кои се применуваат во проектите за слободен софтвер со отворен код. Во некои случаи слободниот софтвер не е и сосема со отворен код, и обратно. Слободниот софтвер пак, не е исто што и бесплатен софтвер (freeware). [Read more…]

Влијанието на софтверот со отворен код врз образованието

Отворените образовни ресурси имаат многу заеднички аспекти со слободниот софтвер со отворен код, а поврзување на поимите за првпат е направено во 1998 од страна на Дејвид Вајли, кој концептот на отворена содржина го довел во аналогија со концептот на отворен код. [Read more…]

Генерални искуства од примената на ООР во светот

Отворените образовни ресурси се идеја и процес кои се тесно поврзани со технолошкиот развој. Иако ООР спроведуваат активности кои се надвор од дигиталната сфера и интернетот, како што се овозможување на слободен пристап до учебници и прирачници, сепак употребата на компјутерите и интернетот во образованието е една од клучните точки врз кои тие се фокусираат. Лесното поврзување и надминувањето на географските ограничувања се веројатно најважната придобивка во образовниот процес, а за која се неопходни компјутерите и интернетот. Во земјите каде технолошкиот развој е ограничен, мошне важно е компјутеризацијата на образованието да се развива паралелно со обуката за тоа како најефикасно да се применува интернетот и дигиталните содржини и програми во едукацијата. [Read more…]

Методи, насоки и примери на ООР во светот

Во светски рамки спроведувањето на ООР и олеснувањето на пристапот до образовните материјали и содржини се врши на различни начини, но како најефикасни се покажуваат оние методи кои координирано ги користат придобивките што ги пружаат новите технолгоии и интернетот, комбинирани со поврзувањето на различните поединци и групи во онлајн мрежи. Ова секако леснува соработка и размена на искуства, материјали и идеи. Еден од поефектните актуелни методи е и развивање на бесплатен софтвер кој овозможува примена во наставата и во различни научни области. [Read more…]

Методи, насоки и примери на ООР во Македонија

На Македонија не ѝ се страни ООР, како и идеите на слободен пристап (Open Access). Како што покажуваат анализите, се покажува потреба од подобра координација помеѓу самите активности, интензивирање на некои од нив, и надградување на некои од сработените фази за развој на ООР. [Read more…]