Каде се наоѓа Криејтив комонс во светот на авторските права?

Лиценците „Криејтив комонс“ се наоѓаат помеѓу целосно заштитените авторски права и јавниот домен, во кој пак, спаѓаат делата кои можат да се користат без никакви ограничувања и услови. Наоѓајќи се некаде на средина, овие лиценци овозможуваат заштита на авторските дела од  непосакувани употреби, додека истовремено ја поттикнуваат соработката, надградувањето на знаењата, креативноста и обемот на достапни содржини на интернет воопшто. Вака имаат полза и споделувачите и оние за кои се споделува.

[Read more…]

Како функционира Криејтив комонс?

Доколку сте автор на некое дело и сакате да го објавите под Криејтив комонс лиценца, треба да појдете на creativecommons.org/choosе и да одговорите на краткиот прашалник, врз основа на кој ќе ви се генерира код, кој потоа  треба да го вградите во вашиот сајт, презентација, документ… Целата постапка се одвива на интернет и одзема неколку минути. [Read more…]

Соработката помеѓу отворените образовни ресурси и отворениот пристап

И отворените образовни ресурси и отворениот пристап се базираат на принципот на отвореност, односно достапност и слободна употреба на материјали кои се важни во образовната и во истражувачката дејност. Отворениот пристап поконкретно се залага за продукција на високо квалитетни истражувачки материјали и нивно споделување со цел напредок на научната дејност во целост. [Read more…]

Кои се предностите од примена на отворениот пристап?

  • Литературата со отворен пристап е високо квалитетна и работена по стандарди.
  • Отворениот пристап е компатибилен со печатеното издаваштво. Тој се однесува на онлајн слободен пристап до литература од научно-истражувачки списанија, без да ја исклучува можноста за наплатување на пристапот до истите материјали во печатена форма. [Read more…]

Отворен код, слободен софтвер и отворени образовни ресурси

Софтверот со отворен код (Open source software) подразбира достапност на кодот кој е развиен од страна на програмерите и слобода за негово прилагодување и менување од страна на други програмери. Развивачите на ваков софтвер веруваат дека дозволувајќи им на сите кои сакаат да направат некаква промена на кодот, овозможуваат на долг рок апликацијата да стане покорисна и со многу помалку грешки во работата. [Read more…]