Во светски рамки спроведувањето на ООР и олеснувањето на пристапот до образовните материјали и содржини се врши на различни начини, но како најефикасни се покажуваат оние методи кои координирано ги користат придобивките што ги пружаат новите технолгоии и интернетот, комбинирани со поврзувањето на различните поединци и групи во онлајн мрежи. Ова секако леснува соработка и размена на искуства, материјали и идеи. Еден од поефектните актуелни методи е и развивање на бесплатен софтвер кој овозможува примена во наставата и во различни научни области.
Некои од најуспените и најзначајни проекти изведени во рамките на ООР се следните:
- „Институтот по технологија од Масачусетс“ (MIT) од САД го има изработено „OpenCourseWare“ (http://ocw.mit.edu ), односно поврзан онлајн систем преку кој сите материјали кои се потребни за курсевите од овој универзитет се достапни за бесплатно преземање. Во нив се наоѓаат материјали, презентации, лекции, белешки од предавањата и редица други материјали кои се потребни за изведување на курсевите и подготовка за нивно полагање.
Ова им овозможува на студентите многу полеснод а доаѓаат до материјалите и
поефикасно да го користат своето време и енергија во текот на студиите. Исто така, на образовниот кадар му олеснува подинамично да комуниицра и да ја прилагодува содржината без проблеми како истите да стигнат до студентите.
- „Carnegie Mellon University’s Open Learning Initiative“ е онлајн систем на кој се достапни различни курсеви на универзитет кои се од мултимедијална природа, односно богата база на податоци и содржини на текстови, визуелни материјали, видео и аудио содржини кои се слободни за користење и репродукција, со цел полесно и поефикасно изведување на наставата. Тие не само што олеснуваат пристап до неопходните административни материјали, плановви, курсеви и слично, туку и ја збогатуваат наставата у едукацијата. Видео содржината, на пример, која се користи во наставата, сега корисниците можат да ја прегледуваат и анализираат во секое време кога им е тоа потребно. Слично е и со редица други материјали кои не се ограничени на употреба во самите предавални или лабаратории.
- „Африканскиот виртуелен универзитет“ (www.avu.org) е голем проект кој овозможува слободно преземање на печатени и дигитални содржини, од учебници, прирачници, материјали за презентација, и така натаму, што им овозможува како на наставниците, така и на студентите полесно изведување на наставата, но и креативно комбинирање и усовршување на истите.
- Отворената онлајн енциклопедија „Википедија“ (www.wikipedia.org) е исто така проект кој се е дел од идеите и концептите на ООР. Википедија е оформена во 2001 година и в за 11 години на неа корисниците и ентуизијастите создале речиси 4 милиона статии од различни области, со вкупен обем од околу 26 милиони страници.
- Интернет архивата за истражувачи на која материјалите се слободни за преземање и унможување: http://www.archive.org/
- Голем број на материјали, студии, презентации и други содржини во врска со ООР се јавно достапни во ООР архивата „OER Research“ (www.oer.issuelab.org).
- Користењето на блоговите се покажува како мошне корисна алатка во образовниот процес. Голем е бројот на примери кои ја потврдуваат корисноста на блогот не само за споделување содржини, туку и за активно поврзување и целосно отворена комуникација на наставнциите и учениците.