Archives for февруари 2012

Што се „отворени образовни ресурси“?

Отворени образовни ресурси (ООР), Оpen Education Resources на англиски јазик, се образовни средства и содржини кои се слободни за употреба. Тоа се образовни алатки кои се бесплатни и можат без никаков надомест да се користат во едукативни и истражувачки  цели. Покрај тоа, ООР се слободни и за дистрибуција врз претходно дефинирани сопственички права кои промовираат слободна дистрибуција и го овозможуваат умножувањето на овие алатки. [Read more…]

Кому сè се потребни „отворените образовни ресурси“?

Отворените образовни ресурси имаат универзално значење, односно тие се важни за сите општества и земји, без разлика на степенот на нивниот развој и висината на животниот стандард. Во сите нив ООР можат значајно да придонесат за поотворено и полесно образование. Сепак, за неразвиените земји, земјите кои се во развој и општествата во транзиција, значењето на слободен пристап до образовните средства има поголемо значење. Може да се каже дека за нив слободната употреба на образовните средства многу повеќе влијае врз можностите за развојот и просперитетот на општеството.

Која е целта на отворените образовни ресурси?

Развојот на информатичкото општество и информатичката технологија придонесе да се смени начинот на кој се одвива образовниот процес и отвори нови можности во едукацијата. Во исто време новите можности претставуваат предизвик за досега користените начини за одвивање на образовниот процес кои стануваат еден вид бариера кон побрзи промени. ООР се обидуваат да ги надминат овие бариери кои се јавуваат во форма на авторски права, селективен пристап, сложени регулации, кориснички пречки и слично. [Read more…]

Кус историјат на ООР

Самиот концепт на ООР се надоврзува на поимот на Дејвид Вајли (David Wiley) за „отворена содржина“ (open content, англ.) промовирани во 80-те и 90-те години од XX-от век. Оваа негова кованица ја проширува идејата дека постои врска помеѓу движењето за отворен софтвер и движењето кое се залага за отвореност на содржините и нивно користење, особено во образованието. Вајли активно учествувал во создавањето на широко прифатената отворена лиценца за содржини „Open Publication Licence“, која олеснува достапност до материјалите и содржините. [Read more…]

OOР во светот

Иако ООР имаат академски и истражувачки историјат, нивните принципи се најпрецизно дефинирани од страна на ООН и УНЕСКО, кои имаат цел пошироко да ги промовираат предностите и придобивките од нив. Целта е да се олесни пристапот до средствата за едукација и да се надмине јазот помеѓу богатите и сиромашните земји, и слоеви во самите земји. Правото на образование и достапност до средствата за едукација е едно од најважните права на човекот за кое општествата мора да водат грижа. [Read more…]