Едукативни факти преточени во 27 цртежи

На 21 и 22 октомври, 20-тина деца на две едукативни ликовни работилници организирани од Метаморфозис, за време на фестивалот за млади „Џифони Македонија“, илустрираа пораки со интересни едукативни факти, користејќи темперни бои и фломастери.

Ви ги претставуваме цртежите на овие талентирани деца. [Read more…]

Декларација за Отворени образовни ресурси во Македонија

Алијансата за отворени образовни ресурси го поддржува развојот на Отворени образовни ресурси (ООР) во Македонија, врз основа на принципите на Париската декларација за Отворени образовни ресурси 2012 донесена од УНЕСКО на „Светскиот конгрес за Отворени образовни ресурси“ во 2012 година.

Поддршката значи согласност секогаш кога е можно да се почитуваат и применуваат препораките донесени на Конгресот со цел да се обезбеди отворено образование достапно за сите.

[Read more…]

Ново анимирано видео за македонските пари

Анимираното видео „Денари“ е најновото и последно издание од серијалот на кратки анимирани видеа изработени во рамките на проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“. Како и претходните две, „Брзина на звук“ кое беше инспирирано од областа на физиката и „Правопис“ инспирирано од честите правописни грешки, и во ова видео се претставени едукативни факти, овој пат поврзани со македонските пари. [Read more…]

Второ кратко анимирано видео кое нè учи на отворено споделување на знаењето

Минатата недела, на меѓународната конференција е-Општество.мк беше промовирано второто од серијата кратки анимирани видеа за промоција на концептот отворени образовни ресурси и споделување на знаењето. Видеото се вика „Правопис“ и низ куса шеговита приказна пренесува една честа сцена од секојдневието, потсетувајќи нè колку е важно образованието, како формалното, така и неформалното.

[Read more…]

Што знаете за брзината на звукот?

Како најново збогатување на ресурсите изработени во рамките на проектот Отворени образовни ресурси, е првото видео наречено „Брзина на звук“. Видеото е достапно на македонски и на албански јазик, а претставува кратка анимирана приказна, во која се илустрираат интересни факти за брзината на звукот.  [Read more…]