Второ кратко анимирано видео кое нè учи на отворено споделување на знаењето

Минатата недела, на меѓународната конференција е-Општество.мк беше промовирано второто од серијата кратки анимирани видеа за промоција на концептот отворени образовни ресурси и споделување на знаењето. Видеото се вика „Правопис“ и низ куса шеговита приказна пренесува една честа сцена од секојдневието, потсетувајќи нè колку е важно образованието, како формалното, така и неформалното.

Истовремено, краткото пакување на приказната и изборот на форматот, 2Д анимација, претставува илустрација за брзината со која може да се дојде до знаење кога тоа отворено се споделува на интернет.

Првото видео беше инспирирано од областа на физиката, а се вика „Брзина на звук“. Двете видеа се достапни на македонски и на албански јазик.