Што знаете за брзината на звукот?

Како најново збогатување на ресурсите изработени во рамките на проектот Отворени образовни ресурси, е првото видео наречено „Брзина на звук“. Видеото е достапно на македонски и на албански јазик, а претставува кратка анимирана приказна, во која се илустрираат интересни факти за брзината на звукот. 

Целта на видеото е едукација и подигање на свеста за важноста од отворените образовни ресурси. Во наредниот период, ќе излезат уште 2 нови анимирани видеа, а сите заедно имаат за цел да ги поттикнат луѓето кон отворено образование и споделување на знаењето.