Како најново збогатување на ресурсите изработени во рамките на проектот Отворени образовни ресурси, е првото видео наречено „Брзина на звук“. Видеото е достапно на македонски и на албански јазик, а претставува кратка анимирана приказна, во која се илустрираат интересни факти за брзината на звукот. [Read more…]
Презентации за запознавање со ООР
Презентациите се ресурс наменет за запознавање со отворените образовни ресурси и имаат примарна цел да допрат до учениците, студентите, наставниците и професорите, но и до сите останати кои можат да ги применат ООР во секојдневниот живот. [Read more…]
Водич за отворени образовни ресурси на албански јазик
Седмиот „Водич за ИКТ“ на Метаморфозис е за сите, бидејќи секој што сака да учи и да стекнува нови знаења може да има корист од него. Овој водич им е наменет и на оние кои го создаваат и сакаат да го споделуваат знаењето во секоја форма со цел да го направат подостапно и пораширено.
Низ овие страници можете да се запознаете со концептот отворени образовни ресурси и сродните иницијативи, состојбата во Македонија, да прочитате примери и добри практики од нивната примена во светот, како и препораки за нивниот развој во иднина. Целта е да научиме и веднаш да го примениме знаењето.
Водич за отворени образовни ресурси на македонски јазик