Archives for септември 2012

Coursera – зачеток на револуција во онлајн-образованието

Coursera – зачеток на револуција во онлајн-образованиетоВеќе се наѕира она што Бил Гејтс го предвиде околу иднината на образованието. Имено, во текот на едно интервју во 2010-та година, тој изјави дека за 5 години, најдоброто образование  во светот ќе можете да го стекнете на интернет. Истовремено, Гејтс предвиде и бавна смрт на универзитетите засновани на локација, односно прибирањето на студентите во кампуси и сл. Платформата Coursera е токму олицетворението на застареноста на конвенционалното образование.

[Read more…]

Презентација за ООР пред студентите на МБУ

На 26 септември 2012 се одржа презентација за отворени образовни ресурси (ООР) пред студентите на „Меѓународниот балкански универзитет“ во Скопје. Дел од проектниот тим на ООР им го презентираше на студентите проектот за Отворени образовни ресурси, активностите, идеите и искуствата со ООР во светот. [Read more…]

Презентации за запознавање со ООР

Презентациите се ресурс наменет за запознавање со отворените образовни ресурси и имаат примарна цел да допрат до учениците, студентите, наставниците и професорите, но и до сите останати кои можат да ги применат ООР во секојдневниот живот. [Read more…]

Новите медиуми како образовна алатка

Значењето на новите медиуми и како тие ја изменија нашата комуникација е веќе нашироко и надолго елаборирана тема. Социјалните мрежи, блоговите, видео сервисите, и така натаму, веќе се неодминлив дел од нашето секојдневие и во голема мера одредуваат со кого, како и колку комуницираме. [Read more…]

Што е „ThinkQuest“?

ThinkQuest“ е онлајн платформа која им помага на учениците, и  на сите заинтересирани, да развијат вештини и знаења за 21-от век,  вклучувајќи и развивање на вештините за комуникација, критичко размислување, како и знаења за ефикасна употреба на технологијата.

[Read more…]