Archives for септември 2012

Зошто онлајн-образованието се стекна со револуционерен моментум?

Налетот за креирање големи и бесплатни онлајн предавања создаде вознемиреност во универзитетите низ светот. Со намалените финансии, како и со напливот од придвижување кон учењето онлајн, универзитетите се приморани набрзина да ги менуваат вековните образовни модели. Денес, изразите историски, земјотресно и револуционерно се појавуваат  во описот на предизвиците со кои високото образование ќе се соочува во наредните години. [Read more…]

Проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“ презентиран во Приштина

Како дел од четиридневната конференција за слободен софтвер и сродни трендови во сферата на знаењето, која се одржа 7-10 септември во Приштина, Косово, претставник од Метаморфозис во рамките на куса работилница ги претстави иницијативите за отвореност на науката и образованието кои се преземаат во Македонија. [Read more…]

Видео: Отворени образовни ресурси во училиштето

На конкурсот „Зошто е важно отвореното образование“ помеѓу селектираните 60 видеа беше и видеото снимено во основното училиште „Петре Поп Арсов“, Богомила, Чашка. Погледнете го и него и како неговите автори ја приопштуваат идејата за отвореното образование преку ова видео. [Read more…]

Победниците на конкурсот „Зошто е важно отвореното образование“

Кон крајот на јули беше објавен победникот на конкурсот „Why Open Education matters“ (Зошто е важно отвореното образование) во организација на „Криејтив комонс“ (Creative Commons), Американскиот владин департмент за образование и „Open Society Foundations“. [Read more…]