Одбележување на неделата на отворен пристап

 Одбележување на неделата на отворен пристап На 24 октомври, во салата за превод и толкување на Филолошкиот факултет во Скопје се одржа настан за промоција на отворениот пристап во Македонија. Настанот го одбележаа презентациите на проф. д-р Владимир Трајковски од Филозофскиот факултет, Димитар Попоски, докторанд на отсекот за информациски науки во Загреб, Ирина Шумадиева и Сеад Џигал, координатори на проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси во Македонија“. [Read more…]

Работилница за ООР во општина Аеродром

На 24 октомври во основното училиште „Љубен Лапе“ од Скопје беше одржана работилница за отворени образовни ресурси (ООР) пред група наставници од основните училишта во општина Аеродром. Наставниците беа запознаени со основните цели и концепти на движењето за отворено образование и за концептите, најновите трендови во користењето на интернетот и дигиталните алатки во образованието, како и за достапноста на отворените ресурси слободни за употреба. [Read more…]

Проектот „Иницијатива за отворени образовни ресурси“ презентиран во Приштина

Како дел од четиридневната конференција за слободен софтвер и сродни трендови во сферата на знаењето, која се одржа 7-10 септември во Приштина, Косово, претставник од Метаморфозис во рамките на куса работилница ги претстави иницијативите за отвореност на науката и образованието кои се преземаат во Македонија. [Read more…]

Презентација за ООР пред студентите на ФИНКИ

На 29 мај 2012 беше одржана презентација за „Отворени образовни ресурси“ (ООР) пред студентите на „Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство“ (ФИНКИ).  [Read more…]