Диплома од Центарот за вишо образование „Tidewater“ со наставна програма целосно составена од ООР – Резултати по една година

На 10 март, Kоалицијата за научно издаваштво и академски ресурси организираше конгресен брифинг за отворени образовни ресурси (ООР) за време на Неделата на отворено образование. Говорникот, Даниел ДеМарте, го опиша искуството кое го има Центарот за вишо образование „Tidewater“ со понудувањето на нивната „Диплома – З“– диплома за вишо образование по бизнис администрација која користи наставна програма составена целосно од ООР. [Read more…]

Трета година по ред – Недела на отворено образование

Неделата на отворено образование претставува серија на настани за подигање на свеста за движењето за отворено образование. Третата годишна Недела на отворено образование се случува од 10 до 15 март, онлајн и офлајн низ целиот свет.

Целта на настаните и ресурсите е да се опфатат што е можно повеќе луѓе за да се покажат можностите кои ги создава отвореното образование и што можеме да очекуваме. [Read more…]

Се одржа предавањето „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21 век“

На 20 февруари, со почеток во 19:00 часот, се одржа предавањето „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21 век“ на проф. д-р Никос Чаусидис. На настанот во организација на Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје, а поддржан од Алијансата за отворени образовни ресурси на Македонија, присуствуваа околу 200 посетители. [Read more…]

Складиштето за отворено знаење на Светска Банка воведува дизајн прилагоден за мобилни телефони

Со цел да остане во чекор со брзиот пораст на корисници на мобилни ширум светот, Светска Банка повторно го лансираше Складиштето за отворено знаење – портал со отворен пристап до публикациите и истражувањата на банката – на надградена платформа, посебно прилагодена за мобилна употреба. Повторно лансираната веб-локација, содржи прилагодлив веб-дизајн кој автоматски се адаптира на големината на екранот на било која направа – без оглед дали се работи за десктоп компјутер, лаптоп, таблет или паметен телефон. [Read more…]

Предавање „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21 век“

На 20 февруари, со почеток во 19:00 часот, во организација на Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје, ќе се одржи предавањето „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21 век“ на проф. д-р Никос Чаусидис. Овој настан ќе се одржи во просториите на City Hall. [Read more…]