Серија предавања по повод Меѓународниот ден на археологијата 2014

Центарот за научни истражувања и промоција на културата „ХАЕМУС“ – Скопје, ве поканува на серија предавања од областа на археологијата по повод „Меѓународниот ден на археологијата 2014“, на ден 30.10.2014 год. (четврток), во City Hall (поранешен Хард Рок), со почеток во 19:00 часот. [Read more…]

Излезе вториот број на академското електронско списание „Хаемус“

Од печат излезе вториот број на ‘ХАЕМУС‘, академското електронско списание посветено на историјата и археологијата на Балканскиот Полуостров, кое исто така, опфаќа широк спектар на поврзани интердисциплинарни проучувања. Бројот за 2013 година поместува актуелни теми и дилеми од областа на археологијата, зооархеологијата, историјата, минералогијата, религијата, уметноста, менаџментот на културното наследство и издавачката дејност. [Read more…]

Се одржа предавањето „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21 век“

На 20 февруари, со почеток во 19:00 часот, се одржа предавањето „Религиски континуитети на територијата на Македонија – од неолитот до 21 век“ на проф. д-р Никос Чаусидис. На настанот во организација на Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хаемус“ – Скопје, а поддржан од Алијансата за отворени образовни ресурси на Македонија, присуствуваа околу 200 посетители. [Read more…]

Излезе првиот број на новото академско електронско списание „Хаемус“

Излезе првиот број на „Хаемус“, новото академско електронско списание посветено на историјата и археологијата на Балканскиот Полуостров, кој исто така, опфаќа широк спектар на поврзани интердисциплинарни проучувања.

[Read more…]