Неделата на отворено образование претставува серија на настани за подигање на свеста за движењето за отворено образование. Третата годишна Недела на отворено образование се случува од 10 до 15 март, онлајн и офлајн низ целиот свет.
Целта на настаните и ресурсите е да се опфатат што е можно повеќе луѓе за да се покажат можностите кои ги создава отвореното образование и што можеме да очекуваме.
Во текот на оваа недела:
- Разгледајте ги видеата низ кои се прикажани проектите за отворено образование.
- Прегледајте ги често поставуваните прашања за отворените образовни ресурси (ООР), на пример, како да ги користите, создавате и споделувате материјали.
- Разгледајте ја листата на случувања, за да најдете настан кој ве интересира. Искористете ги отворените образовни ресурси за да научите нешто ново и да ги споделите вашите откритија со вашите пријатели и колеги.
- Вклучете се на некој од бесплатните и отворени курсеви од Отвореното училиште или научете нешто повеќе за лоцирање, лиценцирање и употреба на ООР.
- Посетете го веб-сајтот на Неделата за отворено образование во текот на оваа недела за да се вклучите во многубројните разговори за отворено образование.
- Преземете го банерот на Неделата на отворено образование за да го прикажете на вашиот блог или веб-сајт.
- Поканете ги другите да се запознаат со Неделата на отворено образование. Може да твитате користејќи го хаштагот #openeducationwk.