Зорица Милкова


Институција: ООУ „Тошо Велков - Пепето“ Кав
Лични сајтови:
https://www.facebook.com/PCELICKI/?ref=bookmarks
Кратка биографија: „Вистинската вредност на наставникот не е детерминирана со тоа што знае, ниту пак со неговата способност да го пренесе она што го знае, туку да ја стимулира желбата кај другите да знаат.“ Моето име е Зорица Милкова. Работам како одделенски наставник околу 7 години. Да се биде наставник е благослов. Секојдневното сретнување со искрените насмевки на моите ученици, ме мотивира да се надградувам и да креирам часови кои ќе им бидат незаборавни, часови кои ќе ги стимулираат детските срца да бараат се повеќе и повеќе храна за својот мозок. ИКТ технологијата во образовниот процес дава пред се слобода а потоа и поттик за повисоки достигнувања како на учениците така и наставниците. Затоа секојдневната примена е неизбежна!!! Светот оди напред - а и ние со него!!!
Презентација на обработена лектира
Опис: Во склоп на развојната активност од Заедницата за учење, учениците од V-3 одделение изработија сопствена ИКТ презентација за лектирата „Итар Пејо“ С. Попов и истата ја презентираа пред родителите и соучениците.
Јазик: Македонски
Обработка на сликовница „Кралот Бен“ – Миранда Хаџија („Нашата прва библиотека“) – 2 часа
Опис: Во прилог е дадена дневната подготовка за обработка на сликовницата „Кралот Бен“ М.Хаџија. Како гостин на часот беше поканет актерот Диме Коцевски со кој учениците изведоа успешна драматизација за горе наведената сликовница. Исто така беа поканети и родители кои имаа посебни задолженија со група ученици.
Јазик: Македонски
Пример за проектна задача
Опис: Во прилог е образец за проектна задача по музичко образование
Јазик: Македонски
Обработка на текст IV одделение
Опис: Во прилог е дадена дневна подготовка со наставен лист ЗСН за обработка на текстот „Априли - ли ли“ со примена на техники од Јазична писменост
Јазик: Македонски
Форма - облик; контраст на форми -Човеки и автомобил -Продавач на пазар
Опис: Креативен час по ликовно образовине каде што учениците низ игра креираа пазар со здрава храна. Беа користени различни техники кои може да ги видете на поставениот линк.
Јазик: Македонски
Сценарио за новогодишна приредба за I одделение
Опис: Комплетно сценарио со најава, стихотворби, музички точки и драматизации
Јазик: Македонски
Сценарио за приредба за 8-ми Март I одделение
Опис: Во прилог е дадено комплетно сценарио за приредба за 8-ми Март, стихотворби, покана
Јазик: Македонски
Македонија и нејзините соседи
Опис: Истражувачка активност по општество од која произлезе инетересно нагледно средство за во училницата
Јазик: Македонски
Љубовта има исто значење на секој јазик – проектна активност
Опис: Проектна активност преку која учениците со истражување и користење на Google Translate пребаруваа како се пишува и изговара зборот ЉУБОВ и фразата ТЕ САКАМ на повеќе јазици. По истражувањето пронајдените клип арт сликички ги испринтавме и создаовме украсни хамери за училницата.
Јазик: Македонски
Изложба на домашни миленици
Опис: Проектна активност преку која учениците ја зголемија свеста за негување и чување на миленичињата. Организиран настан со помош на родителите, продавница за миленичиња, ветеринарна станица и Royal Canin. Изложбата беше збогатена со предавање од страна на ветеринарен доктор со предавање на тема „Зошто е важно да чуваме милениче“ и краток рецитал за Домашни животни подготвен од учениците од II и III одделение. Првите три места беа наградени со пехар а останатите учесници добија капи и скромни поклони од покровителот Royal Canin.
Јазик: Македонски
Анализа на стихотворба со примена на техники од ЈП
Опис: Анализа на стихотворбата "Песна за месеците" - применета техника "книга на одделението" од проектот Јазична писменост во почетните одделениа
Јазик: Македонски
Подготовка на игра – „ПАТЕКА НА ЗНАЕЊЕТО“
Опис: Согледувајќи ги потребите на учениците од моето одделение за дополнителна мотивација при повторување на веќе изучениот материјал по македонски јазик, математика, природни науки, општество инт., добив идеја да креирам игра преку која на забавен начин ќе се повтори стекнатото знаење но и ќе се научи нешто повеќе (за учениците кои ги следат играчите).
Јазик: Македонски