Објавен огласот за новите наставни материјали за четвртоодделенците

По усвојувањето на новите наставни програми за четврто одделение, чија примена започнува со новата учебна 2021/2022 година, Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО), објавија повик за искусни практичари за изработка на нови материјали за учење и прирачници за реализирање на наставата во четврто одделение, кој може да се погледне на следниот линк.

[Read more…]

Договорена е соработка за средно стручно образование со училишта од Истанбул

Министерката за образование и наука Мила Царовска и другите претставници на делегацијата како дел од официјалната посета на Турција денеска посетија неколку средни стручни училишта во Истанбул, како и природно математичката гимназија која е една од најдобрите училишта во државата.

[Read more…]

Прилепските средни училишта ги промовираа можностите што ги нуди стручното образование

Прилепските средни стручни училишта денеска ги отворија вратите за идните средношколци, со цел нивно запознавање со придобивките и можностите кои ги нуди стручното образование, информираат од Министерството за образование и наука. Активностите се дел од кампањата „Учи паметно, работи стручно“ на Министерството за образование и наука, која се спроведува со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје.

Средните училишта „Ѓорче Петров“, „Орде Чопела“, „Ристе Ристески – Ричко“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ согласно конкурсот за упис во средно образование во учебната 2021/2022 година имаат на располагање вкупно 1.059 слободни места со кои треба да се оформат 33 паралелки. [Read more…]

Формативно оценување во услови на настава на далечина – вебинар

Фондацијата Метаморфозис ве поканува да бидете дел од вебинарот Формативно оценување во услови на настава на далечина, со почеток во 15:30 часот, на 20 мај (четврток), 2021 година.

Image by Alexandra_Koch from Pixabay

Обучувач на овој вебинар е Александра Блажевска, дипломиран професор по хемија, наставник по хемија и природни науки во ООУ „Јан Амос Ко­мен­ски“, Скопје со десетгодишно работно искуство како наставник. [Read more…]

ИКТ Комора: Дигитализацијата на образованието треба да биде инклузивен процес

Информациските и комуникациските технологии, ако се користат на соодветен начин, можат да придонесат за значително подобрување на квалитетот на животот, работата и на создавање нови вредности, со што се оправдуваат напорите за имплементација на овие технологии. Ова го посочува Саша Огненовски од ИКТ Комората на Македонија, а во врска со полемиките во јавноста околу воведување на дигитализација на учебниците во образовниот процес.

[Read more…]