Прилепските средни училишта ги промовираа можностите што ги нуди стручното образование

Прилепските средни стручни училишта денеска ги отворија вратите за идните средношколци, со цел нивно запознавање со придобивките и можностите кои ги нуди стручното образование, информираат од Министерството за образование и наука. Активностите се дел од кампањата „Учи паметно, работи стручно“ на Министерството за образование и наука, која се спроведува со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје.

Средните училишта „Ѓорче Петров“, „Орде Чопела“, „Ристе Ристески – Ричко“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ согласно конкурсот за упис во средно образование во учебната 2021/2022 година имаат на располагање вкупно 1.059 слободни места со кои треба да се оформат 33 паралелки.

„Учениците можат да одберат една од понудените струки – машинска, електротехничка, сообраќајна, графичка струка, економско – правна и трговска струка, лични услуги, здравствена, хемиско – технолошка струка, градежно – геодетска, земјоделско – ветеринарна, геолошко – рударска и металуршка струка, шумарско – дрвопреработувачка струка и текстилно – кожарска струка“, велат од Министерството за образование и наука.

Во поголемиот дел од струките е воведен концептот на дуално образование, кој се спроведува во партнерство на училиштата со локални компании и кој подразбира повеќе практична настава за учениците директно на работно место, а помалку изучување теорија, што пак, овозможува стекнување на квалитетни и потребни вештини за обезбедување на соодветен работен ангажман веднаш по формализација на средното образование, но и добра основа за понатамошна високообразовна надградба.

За целосниот текст, кликнете тука. Извор: Мета.мк