Министерката за образование и наука Мила Царовска и другите претставници на делегацијата како дел од официјалната посета на Турција денеска посетија неколку средни стручни училишта во Истанбул, како и природно математичката гимназија која е една од најдобрите училишта во државата.
При посетата, договорена е соработка во делот на јакнење на средното стручно образование преку обука на наставен кадар, размена на искуства и практики и поддршка во развој на нови профили.
„Нашите две држави имаат позитивно искуство на соработка помеѓу училиштата и заеднички проекти и таа соработка ќе се продлабочува,” рече Царовска на средбата.
Македонската делегација имаше средба и со претставници од истанбулскиот директорат за образование под чија надлежност се 3 милиони ученици и 200 илјади наставници.