Формативно оценување во услови на настава на далечина – вебинар

Фондацијата Метаморфозис ве поканува да бидете дел од вебинарот Формативно оценување во услови на настава на далечина, со почеток во 15:30 часот, на 20 мај (четврток), 2021 година.

Image by Alexandra_Koch from Pixabay

Обучувач на овој вебинар е Александра Блажевска, дипломиран професор по хемија, наставник по хемија и природни науки во ООУ „Јан Амос Ко­мен­ски“, Скопје со десетгодишно работно искуство како наставник.

Александра е Претседател е на Креа­ти­­вен центар Карпош, Scientix ам­ба­­садор, модератор на онлајн курс за наставници („STEM is everywhere“ на European School­net Academy) и национален обучувач за платформата за учење на далечина. Покрај ова, таа е и креатор е на часови за онлајн учење со метод на учење преку ис­тра­жување и користење на онлајн ла­боротории на Go-Lab платформата.

Александра исто така е добитник на повеќе награди и признанија, како на пример: Титула за „Најдобар наставник на бивша Југославија“- Асоцијација на најдобрите наставници на бивша Југославија. Награда за „Успешна наставничка за добри наставни практики“- Фондација отворено општество Македонија, Награда за „НајОЕР наставничка“- Фондација Метаморфозис, и други.

Ги покануваме сите заинтересирани од наставниот кадар, стручните служби, училишниот менаџмент, но и родителите/старатели на ученици да се пријават за учество на следниот линк за пријавување. Обуката ќе трае час и половина, и учесниците ќе имаат можност за дискусија со предавачите, и поставување прашања на темите од обуката.

На овој линк можете да ја погледнете и деталната агенда: Формативно оценување во услови на настава на далечина 20.05.2021

По завршување на вебинарот, материјалите ќе бидат достапни за сите учесници, лиценцирани со Криејтив Комонс, и слободни за повторна употреба, со наведување на извор. Ве охрабруваме да го споделите овој повик до сите на кои сметате ќе им биде од корист. Ве очекуваме!

Вебинарот Формативно оценување во услови на настава на далечина се спроведува во рамки на проектот Отворени образовни ресурси, финансиран од Фондацијата Отворено општество – Македонија.