Повик за избор на Нај ООР наставник и Нај ООР професор за 2015 година

Edu_Conference_1-454Алијансата за отворени образовни ресурси во Македонија објавува повик за избор на Нај ООР наставник за основно образование и Нај ООР професор за средно образование за 2015 година. Номинирајте го Вашиот омилен наставник, професор или колега кој користи и создава отворени образовни ресурси во наставата! [Read more…]

Повик за учество на Мајкрософт натпревари за наставници

image006

Мајкрософт ги продолжува активностите за поддршка на напорите за подобрување на образованието, инспирирање на учениците и промовирање на иновативноста и организира два државни натпревари кои имаат европска и светска тежина и како и претходните натпревари имаат за цел да ги поттикнат наставниците да воведуваат нови пристапи, проактивно да ги користат новите технологии во образовниот процес и воедно да бидат наградени. [Read more…]

Отворена консултација: Нацрт анализа на законската рамка за образование и можностите за вклучување на отворените образовни ресурси

отворена консултацијаАлијансата за ООР ве поканува да го дадете вашиот придонес на отворена консултација по повод Нацрт анализа на законската рамка за образование и можностите за вклучување на отворените образовни ресурси. [Read more…]

Република Словенија усвои национална стратегија за отворен пристап до научни изданија и податоци од истражувања

logo_oa_slovenia_2Владата на Република Словенија ја усвои Националната стратегија за отворен пристап до научни изданија и податоци од истражувања во Словенија 2015-2020. Новата стратегија се покрена од процес на јавни консултации. [Read more…]

Недела на отворен пристап 2015 – Приклучете се!

OpenAccessWeekНеделата на отворен пристап, која се одржува во периодот 19 – 25 октомври ширум светот, е можност за академската и истражувачката публика да продолжат со откривање на потенцијалните придобивки од отворениот пристап, да се сподели стекнатото знаење со колегите и да помогне во инспирирањето на пошироко учество во поттикнувањето отворениот пристап да постане нова норма во образованието и истражувањето. [Read more…]